22 Декември, 2024
0.0259

ДАЛИ Е ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ХОТЕЛИЕР ВО МАКЕДОНИЈА - еве какви бројки испорачаа врвните хотелски имиња во првото полугодие

Објавено во: Економија 31 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Податоците за работењето во првите шест месеци од годинава ги објавија голем број котирани компании на Берзата, а меѓу нив се и компаниите кои управуваат со хотелиерското работење во земјава.

Билансите на успех говорат дека одредени хотелски капацитети го вратија сјајот во своето работење и бележат позитивни финансиски резултати и зголемување на добивката, додека, пак, има и такви акционерски друштва кои се уште се соочуваат со негативни финансиски резултати.

Како еден од позитивните примери ќе го издвоиме „Македонијатурист“, најголема хотелиерска компанија во државава.

Поседува шест хотели, а четири од нив работат. Лани во март стартуваше со работа целосно реновираниот хотел со пет ѕвезди „Холидеј Инн“, а во функција во април лани беше пуштен и „Хотел Карпош“ кој не работеше поради кратење на трошоци од ковид рестрикциите.Во функција се уште хотелите „Бест Вестерн“ во центарот на Скопје и „Белви“ во непосредна близина на автопатот Скопје – Куманово.

Најголеми акционери во „Македонијатурист“ се нејзиниот долгогодишен директор ипретседател на Управен одбор Доне Таневски кој поседува 19,6 отсто од акциите и Соња Бибановска, член на Управниот одбор со 11,3 отсто од акциите. Доне Таневски неодамна се повлече од директорското место и сега е претседател на Надзорниот одбор на компанијата.

Во првото полугодие од годинава „Македонијатурист“ оствари профит од многу солиднии 638 илјади евра, што е раст од 46 отсто во однос на истиот период лани.

Оттаму во своето образложение на Билансот на успшех велат дека друштво компанијата, во шесте месеци од 2023 година, од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат односно по оданочување добивка од 39,26 милиони денари, што е рамно на 638 илјади евра.

„Вкупните приходи изнесуваат 183,81 милиони денари и се зголемени за 32 отсто, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 44 отсто во однос на истиот период минатата 2022 година“, велат од компанијата во објавата на Берза.

Вкупните трошоци и расходи од работењето во првото полугодие, пак, биле на ниво од 141,88 милиони денари и се зголемени за 26 отсто во однос на 2022 година.

Во извештајот од Македонијатурист велат и дека инвестирале во фотонапонски централи, со цел да ги намалат трошоците за струја.

„Со оглед на тоа дека цената на електричната енергија и останатите енергенси е значително зголемена во однос на минатите периоди и нејзиното учество е големо во вкупните трошоци на друштвото, тоа превзема низа мерки со цел намалување на негативните ефекти. Една од најзначајните мерки е старт на инвестициската активност за поставување на фотонапонски централи на дел од подружниците. Со оваа инвестициска активност се очекува да се намали негативниот ефект од зголемената цена на електричната енергија“, се вели во образложението.

Инаку, од компанијата потсетуваат и дека донеле одлука за исплата на дивиденда за 2022 година во бруто износ од 52.870.128 денари, а која стартуваше на 3 јуни годинава.

„Македонијатурист“ во текот на шесте месеци имала нови вложувања во износ од 2.493.022 денари, кои главно се искористиле за реновирање на конференциските сали во склоп на Хотелот Холидеј Ин, како и на поставување фотонапонски централи на Хотел Белви, Хотел Карпош како и во рамки на поранешниот Хотел Сарај.

Од друга страна, пак, хотели- Метропол Охрид за периодот јануари - јуни годинава работеле повторно со загуба, како и во истиот период лани, иако треба да се констатира дека загубата е малку намалена. Односно таа во првото полугодие годинава беше на ниво од 246 илјади евра, додека во истиот период лани беше 261 илјади евра.

Приходите од работењетобиле 52.125 илјади денари и покажуваат зголемување од 3 отсто. Од овој приход, на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 50.976 илјади денари. Останатите приходи во износ од 524 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година.

Расходите од работењето во износ од 67.935 илјади денари, бележат зголемување од 2 отсто.

Најголемо учество во вкупните расходи со 43 отсто имаат трошоците за вработените во износ од 29.076 илјади денари, кои бележат зголемување од 6 отсто. Трошоците за суровини и материјали во износ од 14.284 илјади денари имаат учество од околу 21 отсто во вкупните расходи, односно се намалени за 27 отсто.

„Неизвесноста во цената на енергенсите, енормното зголемувањето на цените на скоро сите импути, воениот конфликт на европско тло, и сезонскиот карактер на работење, се фактори кои директно влијаат врз резултатите од работењето на друштвото“, потенцирале оттаму во образложението, додавајќи дека „менаџментот на друштвото своите одлуки ги базира на кратки рокови со цел полесно адаптирање кон новонастанатите услови на стопанисување“.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?