ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?
Објавено во: Економија 20 Декември, 2024
Подемот на златото ќе продолжи и во 2025 година. Се очекува дека цената ќе достигне 2.900 долари за унца.
Стратезите на „UBS“ очекуваат цената на златото да продолжи да расте. Таа се задржа стабилно оваа недела на околу 2.650 долари за тројска унца, ограничена од јакнењето на американскиот долар, зголемените приноси на американските трезори и подобрениот апетит за ризик на Волстрит. Еден од факторите е тоа што, централните банки купуваат злато. Од почетокот на годината златото поскапе за 28 отсто, пренесува „investing.com“.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.