20 Декември, 2024
0.0338

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Објавено во: Економија 20 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Македонската и грчката царинска управа ќе работат на унапредување на трговските и безбедносните политики во прекуграничната трговија. Воспоставување зелени коридори и двонасочна електронска размена за секој увоз и извоз на трите гранични премини, воспоставување на концепт за едно застанување на Богородица – Евзони, како и размена на разузнавачки податоци и креирање профили на ризик за цели на истрагите се само дел од иницијативите на коишто двете страни ќе работат во следниот период. Ова е договорено на денешната билатерална средба помеѓу директорите на царинските управи, Бобан Николовски и Константинос Муртидис и експертски тимови од највисокото раководство одржана во Солун. 

„Како соседни земји, клучно е зајакнување на врските и унапредување на соработката помеѓу двете управи, преку споделување на најдобри практики, размена на информации во реално време, но и спроведување заеднички иницијативи за олеснување на трговијата” истакна директорот Бобан Николовски.

Двете страни информираа дека новиот компјутеризиран транзитен систем фаза 5 на чија имплементација работат ќе биде пуштен во јануари. 

Како особено важно, беше истакнато зајакнувањето на институционалните капацитети преку одржување на заеднички обуки, споделување најдобри практики и одржување редовни средби на експертско ниво. Во оваа насока, во следниот период договорено е грчката царина да ги сподели искуствата во делот на следење и контрола на тутунски производи преку системот „Track and trays“.

Од македонска страна беше информирано за националниот едношалтерски систем на чија имплементација царинската управа интензивно работи, како и за новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички што од пред еден месец е целосно ставен во функција на сите гранични премини и гранични терминали. Исто така двете страни информираа за активностите што се преземаат за отворање на новиот граничен премин Маркова Нога.

Директорот на грчка царина, Константинос Муртидис, ги истакна заедничките цели на управите за олеснување на трговијата. 

Настанот во Солун беше одржан во просториите на комората за трговија и индустрија, при што кратко воведно обраќање имаше и од претседателот на Комората, Константинос Мураитидис, којшто ја нагласи улогата на приватниот сектор во поддршка на процесите за олеснување на прекуграничната трговија помеѓу двете држави.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

И министри од новата власт ќе пазарат во маркети пред камери

И министри од новата власт ќе пазарат во маркети пред камери

ЕВЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ ЗА 2024: Изненадуваат Хрватска и Грција, Македонија ја нема на листата

ЕВЕ ГИ НАЈМОЌНИТЕ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ ЗА 2024: Изненадуваат Хрватска и Грција, Македонија ја нема на листата

ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА - што се случува со странската инвестиција

ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА - што се случува со странската инвестиција

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт