21 Декември, 2024
0.0276

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Објавено во: Економија 21 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Хајделберг факултет Скопје со гордост го објавува официјалното формирање на Бизнис советот, стратешки советодавен одбор насочен кон зајакнување на соработката помеѓу академската заедница, студентите и бизнис секторот. Свечената церемонија се одржа денеска во просториите на факултетот.

Бизнис советот претставува платформа за заедничка работа чија цел е да се надминат предизвиците на пазарот на трудот, особено недостатокот на  квалификуван кадар. Советот ќе овозможи поврзување на теоретското образование со реалните деловни потреби преку заеднички проекти, пракси и иновации.

„Формирањето на Бизнис советот означува нова ера на партнерство и раст," изјави деканот на Хајделберг Скопје, проф. д-р Горан Василев, „посветени сме на развој на идни професионалци преку создавање средина каде што академијата и индустријата соработуваат за заеднички успех".


Основачите на Советот се истакнати претставници од различни индустрии со заедничка визија за економски развој на земјата. Преку креирање мрежа од стратешки партнерства, Хајделберг има за цел да го поддржи професионалниот развој на младите и да ја зголеми конкурентноста на пазарот на трудот во Северна Македонија.

Церемонијата вклучуваше воведни говори, презентација на целите на Советот и панел дискусија за развој на квалификувани кадри. Настанот заврши со сесија за вмрежување, поставувајќи основа за идни соработки.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција