ДАЛИ Е МОЖНО? Плата 9.000 евра, а никој не се пријавил за работното место!
Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2023
Германскиот град Стокач бара градоначалник. Иако нудат плата од 9.000 евра, сепак не можат да најдат адекватен човек за оваа позиција.
Кој ќе биде наследникот на актуелниот градоначалник на Стокач, Рајнер Столц? Одговорот на ова прашање нема да има до изборите на 15 октомври или до вториот круг гласање. Сепак, веќе е во тек активна потрага и пронаоѓање на соодветни кандидати за градоначалник, пренесува магазинот Феникс.
Најавата на градоначалникот Рајнер Столц дека ќе го заврши четвртиот мандат на две години пред истекот, предизвика голема бура во Стокач.
Столц ги наведе здравствените причини како причина за неговото повлекување.
„Бидејќи двапати ми беше дијагностициран коронавирус, моето здравје веќе не е такво за да можам лесно да го задржам темпото што го бара оваа позиција“, рече Столц.
„Затоа, по 30 години во Стоках и речиси 50 години во јавна служба, сега е време прво да размислам за моето здравје“, додаде тој.
Германските медиуми пишуваат дека за оваа позиција се уште никој не се пријавил, иако месечно би заработувале околу 9.000 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.