16 Декември, 2025
0.4117

„Дали е приведен директорот на ЈКП Гази Баба за еко хаваријата што ја предизвика во Јурумлери“: Арсовска со неколку прашања до премиерот

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2025 11:49

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која последниве месеци постојано ги критикува актуелните владини претставници, но и објавуваше за бројни малверзации, или како што самата ги нарекува криминални дејствија на градоначалници на општините во рамки на градот, денеска со нова објава поврзана со случувањата во Комунална хигиена.  
Таа посочува „Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во следните 5 дена прашајте го премиерот Мицковски кој лично од својот кабинет го наредува овој хаос кој воедно и го најави како интересна разврска на прес конференција непосредно пред да се случи“. 

- Го повикуваме премиерот Мицковски кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО која воедно е и осуден криминалец за 2 кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија во случај да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието - објави Арсовска на Фејсбук. 
Потоа дополни дека „Мицковски го тероризира градот со своето режимско и диктаторско владеење преку својот Управен одбор, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата да сее страв и да врши репресија пред избори“.

- Го прашуваме директно и базирано врз доказите кои граѓаните секојдневно ги изнесуваат во јавност:

1. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Тетово за еко хаваријата што ја предизвика со отпадот во Вардар и зошто не?

2. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Гази Баба за еко хаваријата што ја предизвика во Јурумлери со отпадот кој го фрла сред природа со општински камиони и зошто не?

3. Дали е приведен директорот на JП Чистота и зеленило Куманово за еко хаваријата што ја предизвикува секојдневно со отпадот низ Куманово и зошто не?

Или таму РЕЖИМСКИОТ ДИКТАТОР Мицковски не дал наредба да се апси? - заклучува на крајот Арсовска. 

Еве ја нејзината последна објава:

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“