05 Декември, 2025
0.0320

ДАЛИ ЕДНА СРПСКА БАНКА ЌЕ ЈА КУПИ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - раздвижување има, кој купува акции на банката?

Објавено во: Финансии 29 Април, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Обновено

За најновите информации околу банката, прочитајте тука.

Она што дури и лаиците можат да го забележат на Македонската берза, тоа е дека во последниов период дефинитивно има раздвижување со акциите на Стопанска банка Битола. Се случија неколку блок трансакци преку кои беа купени сериозни акционерски пакети, а беа платени и добри пари за акциите на оваа банка.

Сепак, сите тие сопственички прегрупирања засега остануваат далеку од очите на пошироката бизнис јавност, бидејќи на Централниот депозитар за хартии од вредност можат да се забележат само акционерите кои поседуваат над пет проценти од капиталот. А, и вчера, кога се ревидира состојбата на сопственичките структури во ЦДХВ, во Стопанска банка Битола единствен акционер со над 5 проценти беше „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто, и која, пак, заедно со неа блиската фирма „Тимох“, непосредно контролира 21,85 отсто од акционерскиот капитал.

Во отсуство на официјални информации, сознанијата на Фактор говорат дека во последниов период акции на Берзата купува извесен српски инвеститор. Нашите информации, исто така, се на линија дека ова е само почеток на можно преземање на Стопанска банка Битола од една српска банка, чии идентитет засега не го објавуваме.

Овде само би навеле дека таа банка, во 2023 година имаше трикратен раст на приходите и на нето добивката во однос на 2022 година, односно финансиските податоци за српската банка покажуваат значителен раст во последните три години за кои можат да се најдат податоци на интернет.

Она што е битно да се спомене за Стопанска банка Битола, е дека таа банка, по одличната 2024 година, и во првото тримесечје од оваа година продолжува со многу солидни финансиски резултати.

Имено, првите три месеци од годинава Стопанска банка Битола ја завршила со нето добивка од 326 илјади евра. Во истиот период минатата година банката имала негативен финансиски резултат, така што овој профит се смета за голем успех и дефинитивно задржување на банката на стабилни патеки.

„Добивката е резултат на засилената наплата на нефункционалните кредити и контрола на оперативните трошоци. Остварувањето на клучните стратегиски и деловни цели, дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2025 - 2027 година, ќе претставува приоритет во наредниот период“, се вели во образложението кое банката го сподели со инвеститорската заедница преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Според банката, оваа добивка е значајно остварување, доколку се има предвид дека Банката работеше со загуба од 841 илјади евра во истиот период од минатата година. Позитивниот финансиски резултат се должи на засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката и ослободената исправка на вредност од нефункционални пласмани.

„Наспроти ова, нето-приходите од камати во првиот квартал од 2025 година се годишно пониски за 13,4 милиони денари (за 12,4 отсто) и генерално ги отсликуваат намалените приходи поради намалената кредитна активност на Банката во последните две години. Во претходниот период Банката помина низ суштинска трансформација и фокусот на работењето го стави на поголема наплата на кредитите, на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и на зајакнување на ликвидните позиции. Ваквите трендови имаа влијание и врз нето-приходите од провизии и надоместоци, кои годишно се пониски за 15,3 милиони денари, што главно се должи на намалените приходи, но и на зголемените расходи за провизии и надоместоци на добавувачите на услуги на Банката“, објаснуваат оид Стопанска банка Битола во соопштение објавено на Берзата.

Нето-приходите од курсни разлики во првото тримесечје биле позитивни во износ од 4,6 милиони денари и не забележале значајни годишни промени. Останатите приходи од дејноста се годишно пониски за 2,9 милиони денари поради високата споредбена основа од претходната година, кога беа остварени поголеми капитални добивки од продажба на преземен имот.

„Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 6,5 милиони денари, што е значително различно од истиот период во 2024 година, кога беше негативна во износ од 94,4 милиони денари. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 8,0 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ. Трошоците за вработените бележат намалување од 6,8 милиони денари, односно за 14,1 отсто споредено со претходната година, во услови на намален број вработени и раст на продуктивноста на вработените. Исто така активностите за оптимизација на трошоците резултираа со годишно намалување на останатите расходи од дејноста за 4,5 милиони денари, односно 9,6 отсто, додека амортизацијата не бележи значајни годишни промени во апсолутен износ“, нагласуваат од Стопанска банка Битола.

За идниот период, Банката најавува дека ќе биде насочена кон прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење, со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал и кредитната активност, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и контрола на трошоците, натамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземен имот. Воедно Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно работење.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, во петокот минатата недела се продаде пакет од 4,99 отсто од акциите на банката, за сума од 1,5 милиони евра. Ова следуваше откако пред десетина дена се продаде исто толкав пакет за 1,07 милиони евра, а преку блок поминаа и 0,35 отсто од капиталот.

Тоа веќе ја постави дилемата што се случува со Стопанска банка Битола, односно кој ги купува акциите, а зошто и толку порасна цената на акциите на оваа банка. 

На редовниот пазар на последното тргување цената изнесувала 3.565 денари за акција, што е исто така раст во последниов период.

Но, од Стопанска банка Битола неодамна до акционерите упатија порака да не наседнуваат на шпекулации, како и дека за секој пакет над 5 отсто што би се продал, согласност треба да даде Народната банка.

Како што е познато, минатата година Комерцијална банка до сите акционери на Стопанска банка Битола достави понуда за преземање, но во септември дефинитивно пропадна обидот за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка. 

Наместо 67 отсто, колку што Комерцијална банка го постави прагот на успешност, односно дека ќе се смета за успешна, оваа понуда ја прифатиле нешто повеќе од 45 отсто од акционерите.

Како што е познато, Комерцијална банка понуди на сите акционери на Стопанска банка Битола да ги откупи нивните акции по цена од 3.200 денари за акција. 

Од Комерцијална банка тогаш на акционерите на Стопанска банка Битола им посакаа успех во натамошното работење, без оглед дали ќе продолжат сами или ќе се продадат на некоја странска банка, што значеше дека Комерцијална банка повеќе нема да доставува нови понуди за купување на оваа банка.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката