ФРЧАТ БЛОКОВИ СО АКЦИИТЕ, ДЕНЕСКА СЕ ПЛАТЕНИ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - дали српска банка брза да ја купи Стопанска банка Битола
Објавено во: Финансии 29 Април, 2025 11:19
Денешниот берзански ден само ја потврди информацијата што утрово ја објави Фактор, а тоа е дека една српска банка подготвува влез во Стопанска банка Битола, а за таа цел преку блок трансакции забрзано се купуваат поситни акционерски пакети, откако претходно во два наврати беа купени пакети од по 4,99 отсто, и еден пакет од 0,35 процени.
Денеска поминаа четири блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола и тоа еден поголем пакет од 4,97 проценти, и три поситни акционерски количини и тоа 0,35 отсто, 1,59 проценти и 0,24 отсто.
Во првиот блок поминаа 19.439 акции, по цена од 3.777 денари за акција, што е пониска цена од блокот кој помина претходната недела. За овој пакет од 4,97 отсто се платени вкупно 1,2 милиони евра.
Пакетот од 1,59 отсто доживеа многу повисока цена по акција, и тоа највисока досега, односно 5.543 денари, така што за овој пакет од 6.230 денари, платена е вкупна сума 562 илјади евра.
За третиот пакет од 0,35 отсто или количина од 1.357 акции, платена е цена од 5.000 денари по акција односно вкупна сума од 110 евра, и за четвртиот пакет од 0,24 отсто, платена е за акција по 5.543 денари, или тоа е вкупна сума од 83 илјади евра.
Или, доколку истиот купувач, односно српскиот инвеститор, ги купил сите овие пакети, за нив платил безмалку два милиони евра.
Фактор утрово објави дека во последниов период дефинитивно има раздвижување со акциите на Стопанска банка Битола. Се случија неколку блок трансакци преку кои беа купени сериозни акционерски пакети, а беа платени и добри пари за акциите на оваа банка.
На Централниот депозитар за хартии од вредност можат да се забележат само акционерите кои поседуваат над пет проценти од капиталот, а и вчера, кога се ревидира состојбата на сопственичките структури во ЦДХВ, во Стопанска банка Битола единствен акционер со над 5 проценти беше „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто, и која, пак, заедно со неа блиската фирма „Тимох“, непосредно контролира 21,85 отсто од акционерскиот капитал.
Во отсуство на официјални информации, сознанијата на Фактор говорат дека во последниов период акции на Берзата купува извесен српски инвеститор. Нашите информации, исто така, се на линија дека ова е само почеток на можно преземање на Стопанска банка Битола од една српска банка, чии идентитет засега не го објавуваме.
Овде само би навеле дека таа банка, во 2023 година имаше трикратен раст на приходите и на нето добивката во однос на 2022 година, односно финансиските податоци за српската банка покажуваат значителен раст во последните три години за кои можат да се најдат податоци на интернет.
Она што е битно да се спомене за Стопанска банка Битола, е дека таа банка, по одличната 2024 година, и во првото тримесечје од оваа година продолжува со многу солидни финансиски резултати. Имено, првите три месеци од годинава Стопанска банка Битола ја завршила со нето добивка од 326 илјади евра. Во истиот период минатата година банката имала негативен финансиски резултат, така што овој профит се смета за голем успех и дефинитивно задржување на банката на стабилни патеки.
Според банката, оваа добивка е значајно остварување, доколку се има предвид дека Банката работеше со загуба од 841 илјади евра во истиот период од минатата година. Позитивниот финансиски резултат се должи на засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката и ослободената исправка на вредност од нефункционални пласмани.
Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, во петокот минатата недела се продаде пакет од 4,99 отсто од акциите на банката, за сума од 1,5 милиони евра. Ова следуваше откако пред десетина дена се продаде исто толкав пакет за 1,07 милиони евра, а преку блок поминаа и 0,35 отсто од капиталот.
Тоа веќе ја постави дилемата што се случува со Стопанска банка Битола, односно кој ги купува акциите, а зошто и толку порасна цената на акциите на оваа банка.
На редовниот пазар на последното тргување цената изнесувала 3.565 денари за акција, што е исто така раст во последниов период. Деновиве на редовниот пазар нема тргување со акциите на Стопанска банка Битола.
Но, од Стопанска банка Битола неодамна до акционерите упатија порака да не наседнуваат на шпекулации, како и дека за секој пакет над 5 отсто што би се продал, согласност треба да даде Народната банка.
Како што е познато, минатата година Комерцијална банка до сите акционери на Стопанска банка Битола достави понуда за преземање, но во септември дефинитивно пропадна обидот за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка.
Наместо 67 отсто, колку што Комерцијална банка го постави прагот на успешност, односно дека ќе се смета за успешна, оваа понуда ја прифатиле нешто повеќе од 45 отсто од акционерите.
Како што е познато, Комерцијална банка понуди на сите акционери на Стопанска банка Битола да ги откупи нивните акции по цена од 3.200 денари за акција.
Од Комерцијална банка тогаш на акционерите на Стопанска банка Битола им посакаа успех во натамошното работење, без оглед дали ќе продолжат сами или ќе се продадат на некоја странска банка, што значеше дека Комерцијална банка повеќе нема да доставува нови понуди за купување на оваа банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





