Дали фискален совет може да спречи прекумерни задолжувања?
Објавено во: Финансии 20 Јануари, 2016 09:10
Владата денеска преку аукции на државни записи и обврзници планира да позајми 5,5 милиони евра од домашните кредитори. Во следните денови, според објавениот календар не е закажано раздолжување на доспеани долгови. Околу 3,8 милиони евра ќе треба да се вратат за 15 години, а 1,6 милиони евра за една година.
Дали Министерството за финансии на денешната аукција ќе се задолжи помалку или повеќе од планираното, засега е не е познато. Според дел од економистите загрижува тоа што освен што домашното задолжување се одвива со забрзано темпо, се зголемува рокот на отплата на долговите.
-Може да се забележи дека се зголемува рочноста кај домашното задолжување, тоа е така и не може да го негираме. Домашното задолжување веќе се префрла на идните генерации, има негово оддложување на подолг период. Тоа и не е така лошо бидејќи во некои извештаи за Македонија се посочува дека таквото задолжување е за да се намали притисокот и ризикот на државата во моментот и следната година, но од друга страна тоа носи други ризици, тоа значи дека тие долгови некои следни генерации ќе треба да ги вратат, вели универзитетскиот професор Борче Треноски.
На претходната аукција Владата наместо планираните 15,5 милиони евра, од домашните кредитори зеде двојно повеќе односно 31 милион евра. Домашните банки не го послушаа апелот на дополнителниот заменик –министер за финансии Кире Наумов, кој пред одржувањето на аукција ги предупреди банките да бидат внимателни при кредитирањето на државата, исто како што тоа го сторија странските банки со последната еврообврзница и со најавените кредити кои не ги даваат до завршување на изборите.До средината на годинава се закажани уште 23 аукции на државни хартии од вредност, а во истиот период државата по основ на доспеани ДХВ треба да врати скоро 500 милиони евра.
Експертите советуваат формирање на фискален совет
Со оглед на случувањата на политичката сцена и продлабочувањето на кризата, дел од економистите сметаат дека сега е вистинско време за формирање на фискален совет кој би требало да биде составен од независни експерти и би имал моќ во одлучување на трошењето на парите и задолжувањето.
-Формирање на Фискален совет, кој би имал и извршна моќ додека да се расчисти политичката криза, не е лоша идеја. Една од главните пречки за спроведување на фер и регуларни избори се манипулациите со јавните пари, од типот на зголемување пензии, бесплатно возење и слично. Со фискален совет, кој би имал и моќ на одлучување за трошењето и задолжувањето, ова би можело да се спречи. Сепак, подобра опција е да се формира целосна експертска влада, затоа што изборните манипулации не доаѓаат само од министерството за финансии.По надминување на политичката криза, фискалниот совет би можел да продолжи да функционира, но само како советодавно тело. Сепак, мислам дека по надминувањето на кризата ќе бидат потребни многу посуштински промени во фискалната сфера од воспоставување на едно советодавно тело, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.
Економистите сметаат дека за да функционира Фискалниот совет мора да има кредибилитет и консензус помеѓу политичките партии.
-За да функционира тој Фискален совет мора да има кредибилитет и консензус помеѓу политичките партии .Нема шанси таков совет да функционира ако нема консензус .Ние не можевме да се договориме да избереме тројца експерти во ДИК, а во тој совет треба да има експерти со домашен а можеби и меѓународен кредибилитет, значи не смеат да се оспорат неговите одлуки. Тој треба и финансиски да биде независен. Има потреба во тековната состојба да се формира но се плашам како ќе функционира, како би можело таква институција да остане надвор од овие сите случувања. Во услови на зголемен јавен долг, зголемен домашен долг, јавен финансиски менаџмент кој има недостатоци, значи добредојден е фискален совет кој ќе има советодавна улога.Во светот фискалниот совет дава препораки , анализира буџетски документи стартегии , буџети, закони, дава препораки во однос на определни мерки кои ги предлага Владата, вели универзитетскиот професор Борче Треноски.
Дел од експертите се скептични дека во оваа ситуација во која што се наоѓа Македонија, би можело независно да функционира еден Фискален совет.
-Фискалниот совет во овој амбиент во кој владее комплетна контрола и парализираност од еден центар на секоја институција во Македонија, која треба да има надзор над резултатите и работењето на извршната власт, ќе биде само уште еден неуспех на Македонија. Не верува, дека тој еден центар ќе дозволи таков совет да функционира согласно добрите практики и согласно потребите за него како таков, вели Марјан Николов од Центарот за економски анализи (ЦЕА).
Според новата фискална стратегија, до 2018-та година јавниот долг ќе достигне 5,5 милјарди евра или 52,4 отсто од БДП. Економистите се едногласни дека на Македонија и е потребно тело односно Фискален совет поради нетранспарентноста во трошењето на буџетските пари и начинот на кој се носат буџетите во собранието.
Р.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





