15 Јануари, 2025
0.0272

Дали инфлацијата ги натера Европјаните да штедат – прашавме како се справуваат?

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Поради инфлацијата во Европа, жителите на многу земји мораат да си ги пуштат нозете колку што им е долга чергата.

Граѓаните се принудени да се откажат од некои задоволства и да штедат. Ова особено се однесува за оние кои се во средната класа или се сиромашни. Нашиот соговорник, Жан Шарл Ларго, Французин кој живее во Италија и работи како преведувач, вели дека цела Европа е погодена од силен инфлациски притисок предизвикан од руската инвазија на Украина. Раскажува дека ефектите од таквиот инфлациски притисок врз населението се секогаш исти: се зголемуваат цените на сите добра, вклучувајќи ги и основните потреби и со тоа се намалува куповната моќ на семејствата.

„Тоа значи дека со истата плата луѓето се принудени да купуваат помалку стоки, помалку храна и потешко ги плаќаат фактурите и сметките кои се зголемуваат бидејќи цената на сите суровини е зголемена. Понекогаш се множат за два или трипати или многу повеќе. Овие зголемувања потекнуваат од повеќе фактори. Тие можат да бидат мотивирани од тешкотијата или неможноста да се најдат суровини, од шпекулаците  на одредени производители или трговци на големо (на пример, во овие две земји нема недостиг на огревно дрво, ниту пак пелети, а цените се помножени за 3 пати и сè уште се зголемуваат). Друг фактор е поскапувањето на транспортот на стоки и тоа само по себе доаѓа поради поскапувањето на горивото“, вели Шарл Ларго.

Франција и Италија се погодени од инфлација, односно најпогодени се сиромашните семејства  и во Италија тоа се 5,6 милиони или  9,4 отсто од населението, а во Франција 12 милиони или  18,46 отсто од населението.  Нашиот соговорник објаснува дека многу домаќинства со просечни примања ќе бидат во ризик да бидат сиромашни, а за многу граѓани ратите за кредити ќе се зголемат за 100 или 200 евра.

„За греење и осветлување имаме од 50 до 70 отсто зголемување на сметките и во Италија и во Франција, бидејќи цената на гасот и струјата растат. Овие две земји се обидуваат да ги ограничат поскапувањата со нудење привремена помош за најсиромашните семејства или со замрзнување на одредени цени. Поскапени се сите горива и, според тоа, целиот транспорт. Овие зголемувања предизвикуваат раст на многу цени и трошоци, кои семејствата не можат да ги избегнат. Сите намирници претрпуваат значителни зголемувања на цените бидејќи сите се транспортираат, понекогаш од многу далеку, а многу од нив претрпеле поскапување поради климатските промени (во 2022 година имаше тешка суша и во Италија и во Франција)“, раскажува Французинот.

Тој вели дека војната која Русија ја почна во Украина мора да запре, затоа што го дестабилизира светот, придонесува за глад во сиромашните земји и рецесија во богатите, миграции на десетици милиони луѓе.  Шарл Ларго објаснува дека државите за да му помогнат на населението применуваат системи на компензација, помош, одложено плаќање, отстранување на ДДВ за некои производи.  Тој додава дека во двете земји, Италија и Франција има трговци поединци, кои во вакви услови е веројатно дека ќе пропаднат.

Kaко што објави Евростат, стапката на инфлација во Европската Унија(ЕУ) има нов рекорд од 11,5 отсто на годишно ниво. Естонија има највисока инфлација од 22.5 отсто. Франција е во најдобра позиција и бележи 7.1 отсто инфлација.  Литванија е со (22,1 отсто),  Унгарија со (21,9 отсто), Шпанија (7,3 отсто) и во Малта (7,4 отсто).

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина