29 Јуни, 2024
0.0268

Дали инвеститорите „намирисаа“ крај на политичката криза?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Како да се објасни растот на цените на најликвините акции во седмицата што следува по викендот во кој во дводневна акција загинаа осумина македонски полицајци? Дали оставките на тројца врвни функционери во очите на инвеститорите вредат повеќе од осум животи? Кои лостови го движат интересот на македонските инвеститори? Зошто во трговската седмица по крвавиот викенд во Куманово, кога загинаа осум македонски полицајци, цените на македонските блу-чип акции тргнаа нагоре? Имаат ли врска оставките на двајца клучни министри и на шефот на тајната македонска полиција влијание врз индексот МБИ-10? Од каде позитивно расположение кај инвеститорите на нашата берза кога во Македонија се креира и де факто постои политичка нестабилност? Берзанската анализа на „Фактор“ ги лоцира клучните поенти и има за цел да ги постави вистинските прашања. Одговори не може да дадат заради тоа што во суштина станува збор за човечка психологија при носење на инвестициски одлуки за вложување пари. Ако е, а секогаш целта е, профит тогаш се јасни две работи: прво, нашите инвеститори иако во не многу голем број сега купуваат акции на берзата и ги креваат цените и второ некој очекува профит од разврската на политичката криза во земјава. Што се случи на нашиот пазар оваа седмица: „Комерцијална банка“ порасна за 100 денари и ја оствари највисоката цена на крајот на трговската седмица. „Алкалоид“ порасна за 93 денари (разлика меѓу најниска и највисока цена), „Гранит“ порасна за 48 денари (како разлика меѓу најниска и највисока цена) со тоа што највисоката цена беше и последна цена за седмицата. „Макпетрол“, иако прикажа двојно поголема загуба за првиот квартал годинава споредено со првиот квартал лани, порасна 1.000 денари. „Бетон Скопје“ беше сензација на седмицата, а по многумина инвеститори и на првите пет месеци годинава. За прв пат таа компанија одлучи да дели дивиденда и акцијата порасна 1.489 денари односно за фантастични 33 отсто. Зошто затоа што дели дивиденда од 990 денари нето! Сите овие случувања на нашиот пазар на капитал се случија во услови кога прометот на акциите генерално е значајно понизок од реализацијата во претходната седмица. Дали ова може да води на заклучок дека купуваа квалификувани купувачи кои знаат дека иднината ќе нема безбедносен ризик односно ќе има повисоки цени на македонските блу-чип акции? Или имавме мала група инвеститори кои рискирааат иако можеби во следниов период ќе се посипат со пепел? Ќе видиме... Само акцијата на „Комерцијална банка“ оваа седмица изгуби на обем на промет и тој е пет пати понизок од претходната семдица. Наспроти неа „Алкалоид“, „Гранит“ и „Макпетрол“ бележат солидни, а некои и дуплирање на реализициите од претходната семдица. Како што заклучивме и горе пазарот е резултат пред се на психолошки одлуки на инвеститорите и тука секогаш не смеат и не треба да се бараат математички прецизни одговори... Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба