05 Мај, 2024
0.0268

Дали Иванов го поздрави договорот со Бугарија?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Вчерашното годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието на Република Македонија пред државниот врв имаше повеќе шокантни изјави најмногу поврзани со Управата за безбедност и контраразузнавање и воопшто нарушениот безбедносен систем на државата, но исто така политички гледано доволно изненадувачки беше и делот од говорот посветен на Договорот за добрососедство со Република Македонија кој со месеци беше „гранатиран“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако не најдиректно, но претседателот Иванов посочи дека договорот со Бугарија може да биде добар за двете земји доколку на него се гледа за иднината, а не само за минатото.

„Од првиот ден на мојот прв мандат се залагам за унапредување на добрососедските односи со сите соседи, и тоа врз основа на принципите за заемно почитување, помош и поддршка. Затоа ја поддржав иницијативата за преточување на Декларацијата за добрососедство од 1999 во Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија. Како соседи ние сме природно упатени на меѓусебна соработка. Договорот е резултат на компромиси кои не можат секого да задоволат. Но, за да ја исполни целта, овој договор треба да се гледа од аспект на иднината, а не на минатото. Тоа е договор на заедничката историја на двете држави и нивните народи, и се однесува на периодот од признавањето на Република Македонија од страна на Република Бугарија, односно од 1992 година. Ги повикувам двете влади да придонесат кон исполнувањето на целта на Договорот“, рече Иванов.

Претседателот смета и дека овој договор овозможи и позитивни струења меѓу МПЦ и БПЦ поттикнати да соработуваат и најдат решенија.

„Договорот создаде амбиент за поголема отвореност и соработка и меѓу црквите. Иако сум верник, сепак сум Претседател на секуларна држава, која е одвоена од црквата. Не се мешам во работата на црквите, но како и секој верник очекувам Македонската православна црква – Охридска Архиепископија да биде рамноправен дел од православната екумена, рече претседателот пред пратениците и државниот врв обраќајќи и се на нацијата.

На овој начин претседателот Иванов е прв од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој јавно дал поддршка за договорот со Бугарија, секако со тоа што неговата функција де јуре треба да биде натпартиска за да не бидеме погрешно сфатени. 

Договорот е во финална фаза на ратификација во Собранието на Република Македонија откако и парламентарната комисија даде зелено светло за негово усвојување. Со него Македонија треба да добие силен сојузник во соседна Бугарија која ќе се залага за наша побрза интеграција во ЕУ и НАТО и ќе се избегне заканата од нови блокади. Исто така со нормализирање на односите со источниот сосед конечно може да се започне со интезивна соработка во полето на економијата, трговијата, туризмот, инфраструктурата, како и културата и општествените врски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува