22 Октомври, 2024
0.7718

ДАЛИ ЌЕ ИМ УСПЕЕ? И новата власт ќе му нуди државни административци на приватниот сектор

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Рационализација на администрацијата, но и формирање на нови управни тела, најавува новата Влада во својата четиригодишна програма за работење која синоќа беше изгласана во Собранието.

„Државата ќе им даде можност на лицата вработени во јавниот сектор полесно да најдат работа во приватниот сектор“, наведено е во една од мерките која се споменува во планот за работење на владата на Христијан Мицкоски, но поконкретно нема ништо повеќе како тоа би се спровело.

Под притисокот на критиките од меѓународниот фактор заради партизација, нетранспарентност и непрофесионалност, ова беше една од реформите која најинтензивно беше најавувана а вметната во програмите и на претходната власт. 

Зоран Заев и во 2017 и во 2020 по изборите најави нејзино намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер на администрацијата во приватниот сектор. Тој порача дека со дигитализацијата нема потреба од толкав број на вработени. Редуцирањето требаше да се изведе преку спојување на функциите и надлежностите на институциите и пренасочување на вишокот вработени во приватниот сектор. Предизборно беа најавени и стимуланси, така што оние административци кои ќе склучат договор со приватна фирма требаше да добијат  отпремнини, а работодавачот би добил субвенции, но до такво нешто никогаш не дојде.

Новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во програмата најавува „доекипирање“ на Развојна банка, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Агенцијата за привлекување странски инвестиции и извоз.

Во четиригодишната програмска визија се споменува формирање на Агенција за управување со земјоделско земјиште, ЕУ Академија, Фонд за животна средина и други нови институции. 

Се планира изградба на нов Скопски саем, но во опција се два модели за реализација - чисто државно финансирање или јавно-приватно партнерство. Сепак, се најавува и укинување на некои институции како Инспекцискиот совет кој би бил заменет од координативно тело.

Најавено е и намалување на бројот на директори и намален број на членови на управните и извршните одбори.

Новата власт исто како и претходната акцент става и на дигитализацијата на администрацијата како приоритет, „заради минимизирање на човечкиот фактор, како и можноста од корупција“. А.К.


Можеби ќе ве интересира

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е минимална плата од 450 евра, ќе се чека системското покачување

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е минимална плата од 450 евра, ќе се чека системското покачување

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, НО ХРВАТИТЕ ГИ КУПУВААТ КАКО ДА НЕМА УТРЕ - растот е двоцифрен

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, НО ХРВАТИТЕ ГИ КУПУВААТ КАКО ДА НЕМА УТРЕ - растот е двоцифрен