Дали коронавирусот е сезонска болест?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јули, 2020
Коронавирусот не е сезонска болест.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е погрешно да веруваме дека во текот на летото сме заштитени.
Оттаму велат дека ширењето на вирусот не е поврзано со годишното време.
„Се чини дека годишното време не влијае на преносот на вирусот, кој усмрти повеќе од 650.000 лица ширум светот и зарази повеќе од 16 милиони“, изјави портпаролката на организацијата Маргарет Харис во краткиот виртуелен брифинг.
Објасни дека во една од најпогодените земји во светот, САД, сега е лето, а во втората најпогодена земја Бразил сега е зима.
Комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.Во светот има 16.7 милиони заразени луѓе.
Над 10 милиони успеале да се излечат од вирусот Ковид -19.
САД, Бразил и Индија имаат најмногу заразени. Зад нив се Русија, Јужна Африка и Мексико.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.