Дали коронавирусот повторно се врати во Вухан?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 11 Мај, 2020 19:35
Нови случаи на позитивни со Ковид 19 има во кинескиот град Вухан.
Градот кој беше епицентарот на епидемијата во Кина, објави пет нови случаи со локално пренесување на коронавирусот. Ова е најголема бројка од 11 март. Се работи за луѓе кои живееле во исто соседство.
Северо-источната провинција Џилин, која во саботата регистрираше кластер на инфекција во еден од градовите, сега има три нови локални случаи.
Во околните провинции Лиаонинг и Хелонгџианг се пријавени по еден случај и се стравува од втор бран на епидемија во регионот.
Имало пријавени 12 асимптоматски случаи на коронавирусот вчера, споредено со 20 претходниот ден.
Вкупниот број инфицирани сега е 82.918 и има уште 141 во болниците. Бројот на починати е сè уште 4.633 и скоро еден месец помина без нови смртни случаи.
Во текот на викендот дојде до пораст на нови случаи на заразени со коронавирус во некои земји кои ги олеснија ограничувањата, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Пазарот во Вухан имал улога во предизвикувањето на епидемијата со коронавирусот.
Ова деновиве го објави Светската здравствена организација повикувајќи се на повеќе истражувања.Откако се намали бројот на инфицирани, градот стана топ дестинација за Кинезите, и многумина планираат да го посетат Вухан.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





