05 Декември, 2025
0.0284

Дали политичката криза ги исплаши штедачите?

Објавено во: Финансии 11 Јуни, 2015 09:55

Добивај вести на Viber

По подолг период на континуиран пораст, во мај, на месечно ниво банките регистрираа намалено штедење кај населението. Имено, по сумирање на податоците за првите пет месеци од годинава, од НБМ соопштија дека во мај во однос на април е регистриран пад на штедењето кај граѓаните, но и кај коропоративниот сектор. “Во однос на депозитниот потенцијал, во мај е остварен месечен пад на вкупните депозити, како резултат на падот на депозитите на претпријатијата и на депозитите на населението. И покрај месечното намалување на депозитната база, коешто е вообичаено во овој период на годината, на годишна основа вкупните депозити продoлжија да растат, со годишна стапка на раст од 8,4%. Сепак, динамиката на раст на депозитите засега е послаба споредено со проектираната во рамки на априлскиот циклус проекции“. Состојбата на мајско намалување на штедењето ја констатираше и гувренерот Димитар Богов во интревју за 24 Вести со образложение дека намаленото штедење кај граѓаните можеби е рефлексија на неизвесноста поради политиката криза, но тој посочи дека нема причина за вакавата состојба. Кај коропоративниот сектор, трендот со депозитната база се менува, така кон крајот на првиот квартал беше регистриран пад, додека во април позначаен раст на депозтите на фирмите. НБМ информираше дека на крајот од петтиот месец е забележан кредитен раст повисок од прокетираниот. “Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за мај покажуваат солиден раст на кредитите на месечна основа, со што се задржува континуитетот на поволни поместувања на овој сегмент. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во мај изнесува 9,5% и е над проекцијата за вториот квартал на 2015 година“, соопштија од Народната Банка. И по вчера одржаниот состанок на Комитетот за оперативна монетарна политика, НБМ констатираше дека засега нема да има промена во монетарната политика.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката