Дали повисока минимална плата ќе ги загрози работните места на текстилците и чевларите?
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2019 06:37
Има најави за зголемување на минималната плата, која сега изнесува 12.000 денари, иако засега не се знае, колкаво ќе биде покачувањето.
Вакви најави имаше од премиерот, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Се прават анализи вели Заев и се внимава да не им се наштети на компаниите.
Против ново покачување на минималецот е текстилниот сектор.
Од текстилната индустрија велат дека ново зголемување на минималната плата ќе значи удар за нив затоа што не се опоравиле од претходнот удар.
Горан Трајков, претседател на Здружението на текстилни и на кожарски работници „Гласно“ од Штип вели дека откази во наведените два сектори нема да има дури и ако се зголеми минималната плата поради повеќе фактори.
„Не се можни отпуштања поради недостиг на работници, нереалното акумулирано богатство кај работодавците ќе биде намалено до максимум 30% од заработката, а мислам од 100%. Не може да има отпуштања затоа што работниците работат норми за 5 договори наместо за еден, а на работодавците нема да им биде во прилог на истото“, вели Трајков.
На работниците добро би им дошол покажување, затоа што велат дека работата е макротрпна и заслужуваат повеќе.
Но, меѓу газдите има и такви кои сметаат дека има простор за мало зголемување на минималецот.
„Има шанси за зголемување на минималната плата во текстилот, и тоа максимум за 2.000 денари сега засега. Откази нема да има затоа што работници ни фалат, и претежно во текстилот работат постари жени, младите не се заинтересирани за оваа работа, не сакаат да работат“, објаснуваат од текстилна фабрика во внатрешноста.
Во септември 2017 година стартуваше исплата на минимална плата од 12.000 денари. Ова беше предизборно ветување на СДСМ и се реализираше. Сепак, македонскиот минималец е меѓу најниските во регионот.
Сања Атанасовскафото Bizlife
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




