НАРОДНА БАНКА: Цените на становите од 2010 година досега се зголемени за 54 отсто
Објавено во: Економија 11 Јануари, 2025
Цените на становите од 2010 година досега се зголемени за 54 отсто. Овој податок е од Народната банка.
Цените само во третиот квартал лани се зголемени за 8 отсто во споредба со претходната година. Во Скопје, просечната цена на квадратен метар е 1.680 евра, со најниски цени во Петровец (1.090 евра) и највисоки во Центар (1.898 евра). Во Охрид цените на становите се приближуваат до оние во Скопје, при што достигнуваат и до 2.000 евра за квадратен метар.
foto freepik.com/mrsiraphol