Дали повисока плата ги мотивира вработените?
Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2016
Мотивираните луѓе можат да постигнат надпросечни резултати. Најчесто кога се зборува за најголем мотиватор се мисли на парите.
Мотивираноста на работниците е движечка сила на една компанија. Вработените кои се мотивирани на соодветен начин имаат лојален однос кон фирмата. За да мотивирате некој треба да ги знаете неговите потреби и цели.
Како стимулативни средства за зголемување на мотивација најчесто се користат: пари, признанија, одмор, унапредување и слично.
Што е тоа што вработените најмногу ги мотивира, треба да се дознае од дирекната комуникација со вработените.
Во големи компании, менаџерите треба да предлагат работници кои заслужуваат награди, како и методи со кои ќе се стимулира работењето на останатите вработени. Мора да се води сметка да се наградуваат вистинските луѓе, односно луѓе кои вложиле најмногу труд.