25 Април, 2024
0.0344

Дали се аргументирани сведочењата за „Тенк“ кога дури и средството за брисачите на ВИП-возилата мора да се провери

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Не е можно сите ВИП-возила да бидат расипани одеднаш, кога дури и средството за брисачите редовно се проверува и менува, велат познавачи кои работат на одржување на цивилните автомобили во високите владини служби, коментирајќи ги последните сведочењата во случајот „Тенк“ за набавката на скапиот „Мерцедес“.

Пред секое патување или кратко превезување се проверува моторното масло, течностите, притисокот на гумите, дали е исправна сигнализацијата, системот за сопирање.

- Тоа е за обичните цивилни возила, а да не зборуваме за ВИП-автомобилите како, да кажеме, она што треба да го пренесува Министерот за внатрешни работи, или она на неговиот заменик. На пример, возниот парк на МВР има свои интерни пералници специјално само за сите нивни цивилни автомобили - ни беше кажано.

„Го носевме на сервис кога тогашниот премиер беше на пат со авион. Кога ќе се јавеше поголем дефект земавме на користење од другите ВИП личности, дали од претседателот на Собранието, од претседателот на државата, министерката за внатрешни работи. Но, и тие возила беа проблематични и не беа безбедни Свесен за тоа, уште кога Груевски стана премиер од првиот ден јас инсистирав за набавка на ново возило. Тоа инсистирање потраја шест- седум години. На секое мое убедување за ново возило, добивав одговор од претседателот на владата дека не ни треба, имаме возила, ќе позајмиме од другите ВИП личности. Јас пробав да му објаснам дека и тие се расипани“, изјави денеска Дејан Митревски Урко, кој сведочеше како поранешен телохранител на екс-премиерот Никола Груевски.

Нашите соговорници велат дека возилата не смее да се дадат во употреба доколку не се во исправна возна состојба, а дури и најмалиот дефект мора да биде регистриран и запишан. Не е можно да се вози ако има и мала техничка неисправност. Отчет требало да се даде дури и ако е заменета обична свеќица.

- Да се тргне некаде со резервоар до половина полн е незамисливо, мора секогаш да биде полн пред користење - дознаваме од соговорниците.


Внатрешниот сервис е посебна приказна, а таму работат искусни и проверени машински инжењери, а интересно е тоа што возилата доколку бидат удрени во сообраќајка мора да се однесат на дополнително вештачење од службите.

- Дури и изгребан браник во мал сообраќаен удес оди на дополнително вештачење во сервисот. Доколку се случи дефект надвор од Скопје, некаде подалеу, се испраќа влечна служба со возач и механичар. Ако дефектот се случил далеку, превозното средство се носи во приватен, но истовремено овластен сервис. Возачот на кого во тој случај му бил потребен автомобилот не смее да чепка ништо на своја рака, туку мора да пријави и да чека, велат тие.

За се има прецизно утврден ред, па дури и прописите за гумите се ригорозни.

Редовно се вршела замена на користените гуми и сетовите се нарачуваат три месеци однапред. Строго се почитуваат роковите за користење на летни и зимски гуми, а секогаш се проверува резервната.

A.K.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација