23 Ноември, 2024
0.0308

Дали се престроги и дали се соодветни превземените мерки во Македонија?

Објавено во: Македонија 19 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Верниците не можат да влезат во храмовите поради вонредната состојба. Вечерта Христовото Восресение помина без посетители во храмовите. Во велигденсокото обраќање беа повикани верниците да прославуваат и да се молат во своите домови и во своите срца и да не се вознемриуваат поради тоа што не може да присуствуваат во црквите. Дали се соодветни или не, дали се престроги или не, ќе биде ли се’ исто по сето ова што се случува во иднина во светот и во Македонија, беше темата на која викендов празнично се зборуваше во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“.

Професорот инфектолог Вело Марковски вели дека се работи за мутација од редот на бета-корона вируси која се однесува доста чудно. Пандемијата и смртноста се реални, но како што вели професорот, клучни се мерките што треба да се превземат и анализите. Во прилог на тоа оди и стабилизиацијата во Италија и Шпанија. 

- Јас цитирам наука и научни трудови и претходни искуства. Проблемот е што во емисии и сите телевизии има премногу луѓе кои не се стручни. Смртноста кај хоспитализирани болни од грип не е точна. Податоците од Италија не се релевантни. Не знам што се случува таму, но во САД ги двојат и има 30 милиони со грип и 20.000 починати, но таму случаите се двојат. Тоа е научен пристап. Починати од пневмонија умираат и надвор од пандемии и епидемии. Бројките во Македонија за смртноста лажат. Бројот на регистрирани е многу мал во однос на вистинскиот број на инфицирани. А има разлика помеѓу инфициран и болен. Ако 200.000 луѓе во Македонија имале контакт со вирусот, таа смртност од 50-ина, 60-тина не е висока. Тука не се работи за тоа јас како сакам да биде, туку тоа се податоците, вели Марковски.

Според Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, кој е позитивен на тестот за Ковид-19, фамозната прес-конференцијата на која тој дошол во контакт со техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и другите била организирана од Владата, а не од општина Куманово. Но, најважно според него, во целата ситуација, не се политичарите, туку граѓаните.

Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност во емисијата “Стадион” на Радио Канал 77, тврди дека економската безбедност може да биде нарушена. Според него, нормализацијата ќе започне во мај, но треба да се направи и баланс во политичкиот систем во однос на човековите права. Треба и да се направи резиме зошто не функционирал системот на светскиот безбедносен систем, што може да ги засили натиглобалистичките сили.

Митрополитот Пимен ги повика верниците на христијанскиот институт послушание, кој како што вели тој, вистинските верници добро го познаваат и дека повикот на владиката Г.Г.Стефан е замолница до граѓаните да се почитуваат мерките на забрана на движење и луѓето да не доаѓаат во црква додека трае епидемијата. Тврди дека причестувањето е внесување на крвта и телото на господ-бог и дека тој не би не заразил преку лажичката која се споделува.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР