25 Април, 2024
0.0283

ДАЛИ СИТЕ БАНКАРСКИ КАМАТИ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ДО 5,75 ОТСТО - банкарите ја чекаат Уредбата во Службен весник

Објавено во: Финансии 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Дали и за колку ќе се намалат каматните стапки што банките ги наплатуваат од своите клиенти. Како што е познато, пред околу десетина дена Владата донесе Уредба со законска сила, со која се преполовува затезната камата.

Таа Уредба, според сознанијата на Фактор, се уште не е објавена во Службен весник. Зошто Уредбата уште не е донесена, кога и во каква форма таа ќе се објави, и дали ќе биде иста како што најави Владата, засега не е познато.

Доколку се објави како што Владата наведе во Уредбата на својата седница одржана на 23 март, тоа би значело дека банките не смеат да имаат камати повисоки од затезната камата, која со Уредбата е преполовена, и изнесува 5,75 отсто. 

Дали, со оглед на фактот што банките не смеат да наплатуваат камати повисоки од затезната, ова ќе значи дека тие нема да можат да имаат стапки над 5,75 проценти? И дали тоа ќе важи и за каматите на кредитните картички и на минусите, кои се највисоки и далеку ја надминуваат оваа висина на каматата.

А на својата тогашна седница Владата донесе Уредба со законска сила за измена на Законот за облигационите односи. Како што наведоа оттаму, носењето на оваа Уредба е со цел да се олеснат условите за работа и плаќање на реалниот сектор, како и на граѓаните, во услови на сериозно нарушена економска состојба и ликвидност на правните субјекти.

Со оваа уредба законските членови се менуваат и сега вака ќе гласат.

„Стапката на казнената камата се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата). Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата). При пресметката се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка“, наведоа тогаш од Владата во своето соопштение.

Според познавачите, со Уредбата всушност се намалува висината на законската казнена камата, а со тоа и висината на максимално дозволената договорна камата. На пример, кај физичките лица максималната казнена камата е 5,75 отсто. Од друга стрна, велат тие, има договори за кредит со повисока договорна камата. 

Дали ова значи, прашуваат, дека банките во периодов нема да можат да наплаќаат договорна камата според договорот, бидејќи таа би била повисока од законската казнена камата, туку во вонредна состојба ќе наплаќаат законска казнена камата.

Фактор разговараше со дел од банкарите во земјава, кои велат дека Уредбата се уште не е објавена во Службен весник. Зошто ја нема, не знаат, но според некои неофицијални информации, во неа се можни некои промени, но не се знае во која насока тие би биле. Веројатно и затоа се чека на нејзиното објавување во Службен весник.

Не е јасно ни дали, велат нашите извори од банките, таа Уредба ќе важи за сите кредити, односно и за постојните и за новите, или само за новите кредити што допрва ќе се одобрат. Со оглед што е вонредна состојба, можни се и двете опции.

Инаку, во моментов, затезната камата е 10,25 отсто, и таа се ажурира, односно НБМ им ја пушта на банките, а тие потоа ги прилагодуваат каматните стапки.

„Колкава и да е новата законска затезна камата, сите банки ќе ја почитуваат. Имено, ние со законот сме обврзани на тоа и мора да ја почитуваме, односно бнките ќе се прилагодат на таа камата. Односно, ако таа биде 5,75 отсто, ние банките ќе се прилагодиме на таа камата“, велат банкарите за Фактор.

Инаку, како што тие објаснуваат, во моментов многу од банкарските кредити се пониски од 5,75 отсто. На пример, станбените кредити имаат многу пониски камати, меѓу три до 3,5 отсто, а каматите на потрошувачките кредити се движат околу 5 проценти.

Повисоки се велат, само каматите на кредитните картички и на дозволените минуси, кои изнесуваат околу 10 проценти. 

Дали и кога тие ќе се намалат, ќе биде појасно откако ќе биде објавена Уредбата на Владата во Службен весник.

А банкарите за Фактор објаснија зошто за време на грејс периодот од шест месеци, во кој ќе ги одложат кредитните обврски за граѓаните, ќе мора да ја пресметуваат каматата на кредитите, а потоа да ја наплатат.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка