19 Декември, 2025
0.0508

Дали сопружниците Маневски му ја смислиле стратегијата на Иванов да не го дава мандатот?

Објавено во: Македонија 05 Март, 2017 18:30

Добивај вести на Viber

Претседателот Иванов за одбивањето да му го даде мандатот на Зоран Заев, наводно се консултирал со правните експерти екс министерот за правда Михајло Маневски и неговата сопруга судијката Филимена. Според А1 он оваа стратегија била договарана кога Груевски се сретнал со Иванов за претседателот да најде изговори, а присутни биле и сопружниците Маневски.

Ниту Маневски, ниту Иванов немаа ништо против кога Никола Груевски 20 дена преговараше со ДУИ за Платформата. Иванов без проблем му го даде мандатот на Груевски без тој да му покаже доказ дека има обезбедено 61 пратеник или парламентарно мнозинство, а не се ни противеше како сега дека платформата може наводно да го наруши суверенитетот на РМ.

Филимена Маневска се спомнуваше во бомбите на опозицијата која објави неколку разговори како судијката средува случаи во судовите за партијата и за функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна Михајло Маневски се појави во јавноста по подолго време со отворено писмо до Радмила Шекеринска од СДСМ за нејзината наводна лицемерност, но истото наиде на бројни негативни коментари со оглед на тоа што екс министерот за правда внесе хаос во Републичкиот судски совет и беше нотирано од многу меѓународни институции мешањето на извршната во судската власт.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица