Дали Стопанска банка Битола се подготвува за продажба?
Објавено во: Финансии 17 Септември, 2015 09:04
Владимир Ефтимоски во изјава за Euromoney истакнува дека бизнис планот на банката за 2017 вклучува опции за привлекување на дополнителен капитал, субординиран долг или евентуално инвеститор кој е заинтересиран за банката[/caption]
"Очекуваме првичните обновувања на пазарот да започнат во 2017 година. Значи, уште од почетокот на 2017 година, нашиот бизнис план вклучува опции за привлекување на дополнителен капитал, субординиран долг или евентуално инвеститор кој е заинтересиран за банката", изјави Владимир Ефтимоски претседател на УО на банката.
Ефтимоски за Euromoney ( EMIS ) прецизира дека целиот процес би се реализирал постепено и внимателно со цел да се изнајде најдоброто решение за банката , акционерите и комитентите.
"Веројатно ќе одиме чекор по чекор, прво со некоја кредитна линија , потоа со некој субординиран долг, а подоцна можеме да очекуваме преземања и здружувања, и тоа би се случувало во 2018 или 2019 година," објасни извршниот директор, додавајќи дека банката веќе ја контактирале инвестициски фондови заинтересирани за обезбедување на дополнителен капитал.
Во моментов Стопанска банка Битола е една од првите десет банки во Македонија. Банката, која има 250 вработени, има вкупна актива од 150 милиони евра евра, а добивката во 2014 година изнесува ЕУР 2.7 милиони евра. Адекватноста на капиталот на банката е помеѓу 20% и 21% и можното зголемување на капитал ќе се користи за да се задржат овие нивоа. Според Ефтимоски, "Големината на зголемување на капиталот не е битна, важно е да се задржи адекватноста на капиталот. На среден рок, се очекува раст од 17-20% и зголемувањето на капиталот во иднина ќе служи за да го зачуваме нашето ниво на адекватност на капиталот ", објасни Ефтимоски кој за Euromoney ( EMIS ) ги обелодени бизнис проекциите за банката на среден рок.
"Ние сме заинтересирани за странски инвеститори и странски инвестициски фондови или странски финансиски институции", изјави првиот човек на Стопанска банка Битола за Euromoney .
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





