19 Декември, 2025
0.0501

ДАЛИ СВАДБА СЕПАК ЌЕ НЕМА? - струмичкиот градоначалник ја раскинал свршувачката со Марија

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022 14:34

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов, ја раскинал свршувачката со својата поранешна свршеница Марија Десанова, дознава Фактор. 

Како што веќе пишувавме, Костадин ја побара за жена Марија на 15 јануари 2021 година, односно пред околу две години. 

Фактор за потврда или демант на оваа информација дека е раскината свршувачката, се обрати кај струмичкиот градоначалник, на што тој ни одговори дека воопшто не сака да коментира на оваа тема. 

Инаку, во јануари, 2021, тогаш триесетгодишниот пратеник од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадиновски, преку својот фејсбук профил го покажа свршеничкиот прстен што и го дал на својата избраничка, Марија Десанова. 

„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша Костадинов на својот фејсбук профил.

На крајот на декември, пак, исто минатата година, во интервју за Фактор, Костадинов, тогаш веќе градоначалник на Струмица, најавил дека за новогодишната ноќ ќе ги посети сите дежурни служби во градот и ќе им ги честита празниците на луѓето кои ќе бидат на своите работни места. Најавил и дека со нетрпение ќе го чека раѓањето на првиот жител на општината во новата 2022 година. 

Тогаш Костадин Костадинов изјавил и дека се надева дека ќе остане време да ја прослави Новата година со својата Марија и блискиот круг пријатели, во домашен амбиент, со традиционалните новогодишни готвени јадења.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот