19 Април, 2025
0.0378

Никогаш нема да ја заборавам 2013 година, ја дочекав со татко ми за последен пат: Новогодишно со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2021 13:52

Добивај вести на Viber

Како градоначалник на општина Струмица, за новогодишната ноќ ќе ги посети сите дежурни служби во градот и ќе им ги честита празниците на луѓето кои ќе бидат на своите работни места. Со нетрпение ќе го чека раѓањето на првиот жител на општината во новата 2022 година. Костадин Костадинов се надева дека ќе остане време да ја прослави Новата година со својата Марија и блискиот круг пријатели, во домашен амбиент, со традиционалните новогодишни готвени јадења.

* Празничното расположение е околу нас, а покрај подароците и дружбите, неизбежно е да се посветиме себеси и да се преиспитаме како ни поминаа 365-те дена од годината. Кои се најбитните мигови на кои сте посебно горди и ќе ви останат во сеќавање?

- Секој ден од годината со себе носи различни случувања и моменти, секое со свое значење и важност. Со оглед на мојот работен ангажман, деновите се навистина исполнети и динамични и можам да кажам дека оваа 2021 година имав навистина многу случувања и мигови, за паметење. На професионално ниво, би го издвоил пратеничкиот мандат, како дел од македонскиот Парламент и секако - изборот за Градоначалник на Општина Струмица. Во таа смисла, посебно ми значат и ми се драги сите средби кои ги реализирав и активно ги реализирам со моите сограѓани од Струмица, посебно сега, за време на мојот мандат, кога заедно можеме да придонесеме повеќе за нашата Општина. На личен план, исклучително сум горд на вдомувањето на неколку кучиња кое го направивме заедно со сопругата Марија. Со помош на здружение од Гевгелија помогнавме згрижувачко семејство да најдат во Лондон. Овие, иако можеби малку на број, за мене лично се многу важни моменти од 2021 година.

* Што е она што го планиравте, но не успеавте да го реализирате и ви остана како празнина?

- По природа сум човек кој функционира со однапред дефиниран план. Таа матрица ја следам приватно, но и професионално. Верувам дека со правилно планирање, проценка на тековните случувања, адаптирање на секоја конкретна ситуација и соодветно дејствување со посветеност и плодотворност, планираното може секогаш да биде реализирано. Во тој поглед, во текот на изминативе 365 дена ги реализирав скоро сите оние помали и поголеми планови кои ми беа зацртани. Затоа, задоволен можам да констатирам дека за мене оваа година беше успешна. Секако, се надевам и верувам дека и идната 2022 година ќе биде исто таква!

Повеќе на Женски магазин


Можеби ќе ве интересира

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка

АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје