Дали вашите нарачки од Алиекспрес се безбедни од коронавирус?
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020 17:17
Сите очи во светот се свртени кон Кина, земјата која во моментов се бори со смртоносниот коронавирус.
Но, додека чекаме да видиме дали постои решение за овој сериозен здравствен проблем, се поставува прашањето дали овој вирус може да се пренесе преку нарачките од Алиекспрес кои поминуваат илјадници километри.
Ниските цени на Алиекспрес сега се во втор план, откако граѓаните се прашуваат дали со пакетите може да се пренесе и коронавирусот.
Дали епидемијата може да дојде до Европа, и има ли простор за паника ако чекате за пакет два месеци.
Засега нема докази дека се шири вирусот по пат на предмети, пишува netokracija.rs.
„Според сегашните сознанија не може да се пренесе. Она што е засега сигурно е дека не може вирусот да се пренесе по пат на пакет. Секако дека веројатно во некои услови би можел, но тоа е теорија. Едноставно нема правилен одговор во целост, и потполно точни сознанија. Досегашните сознанија велат дека не може да се пренесе, но тие околности може и да се променат“, изјави епидемиологот доктор Предраг Кон, началник на единица за заразни болести, во Заводот за јавно здравје.
Се наведува дека пратките од градот Вухан не можат да бидат ризични за граѓаните кои ги примаат.
фото netrokracija
Можеби ќе ве интересира
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти




