16 Декември, 2025
0.4081

ДАЛИ ВЕТЕРАНИТЕ НА ОНА МУ ГО ВРТАТ ГРБОТ НА ДУИ: Со кого се сретнаа Хазби Лика и Гзим Острени?

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2025 12:00

Добивај вести на Viber

Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имале средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата Вреди. Дел од медиумите на албански јазик во Македонија ова го протолкуваа како јасна порака за нивна поддршка на политиките на Вреди.

„Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната ОНА Хазби Лика и Гзим Острени, беа видени јавно на пријателски средби со лидерите на опозициската коалиција Вреди, сигнализирајќи јасно оддалечување од ДУИ и Националната алијанса за интеграција“, пишува информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата статија со наслов „УЧК ги напушти ДУИ-НАИ, Хазби Лика и Гзим Острени видени покрај Вреди!“

Порталот пишува дека Острени, една од највлијателните личности од периодот на војната, имал срдечен разговор со Изет Меџити, додека, Хазби Лика, една од личностите со голема тежина во структурите на поранешната УЧК и во политичките случувања по конфликтот во 2001 година, го виделе во друштво со Билал Касами во Тетово.

Фото: Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“