16 Декември, 2025
0.0949

Дали Вучиќ е најсиромашниот премиер што го имала Србија?

Објавено во: Балкан 11 Мај, 2014 12:17

Добивај вести на Viber

Имотните листови на членовите на новата српска Влада откриваат дека премиерот Александар Вучиќ, потпретседателот Расим Љајиќ, младиот министер за правда Никола Селаковиќ и министерката задолжена за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ се „жива сиромаштија“, пишува белградскиот весник „Политика“. Тие немаат ништо - ниту куќи, ниту станови, ниту автомобили, ниту заштеда - барем не на свое име. Во однос на нив, министерот задолжен за вонредни ситуации Велимир Илиќ, министерот за рударство и енергетика Александар Антиќ, првиот човек на српската одбрана Бранислав Гашиќ и министерот за млади и спорт, ватерполистот Вања Удовичиќ се вистински богаташи - поседуваат станови, куќи, лозја, пасишта, автомобили, кеш... Останатите членови на кабинетот на Вучиќ се некаде помеѓу - најчесто поседуваат само станови, поретко автомобили од постара генерација и понекоја заштеда во банка. Новите министри Кори Удовички, Душан Вујовиќ, Снежана Богосављевиќ-Бошковиќ и Срђан Вербиќ се уште не ги доставиле своите имотни листови, бидејќи законскиот рок од 30 дена по изборот на функцијата се уште тече. Српските граѓани последните четири години имаат можност да „ѕирнат“ што поседуваат функционерите, но податоците не се сосема прецизни, со оглед на тоа што политичарите имаат обврска да го пријавуваат имотот и на лицата со кои се во најблиско сродство (сопружници, деца, родители) но во овој имот јавноста нема увид. Така, од имотниот лист на Вучиќ може да се види дека тој до крајот на минатата година поседувал стан од 117 квадрати, но во последниот извештај поднесен на 30 јануари овој стан го нема, па се претпоставува дека го оставил на поранешната сопруга и децата. Со ова, Вучиќ стана веројатно најсиромашниот премиер што го имала Србија. Дури и Воислав Коштуница, кој важи за еден од српските политичари со „најскромен“ имот непроменет во последните 15 години, поседува повеќе - стан во Белград, викендичка и автомобил „југо“.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата