19 Декември, 2025
0.0591

ДАНЕЛА АРСОВСКА МУ ПОРАЧА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, препукување меѓу градоначалничката и ВМРО во Собранието на Град Скопје

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 12:04

Добивај вести на Viber

- Советниче кога лажете и кога мавтате со докуметни, ви се тресе рачето ви се мења гласот, смалете доживлјај. Кај е шпицниот градоначалник, не го гледам тука, кај се крие Мицкоски, имаме одговор на ова прашање. Немаме. Го нема нигде, се крие. Во ВМРО ДПМНЕ има многу чесни, храбри, вредни луѓе, Мицкоски не е еден од нив... - со овие зборови со обрати градоначалничката на град Скопје во одговорите на прашањата на советниците на денешната седница за советнички прашања во Собранието на Град Скопје.

Тогаш беше прекината од претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој посочи дека не треба да се споменуваат имиња на луѓе  кои не се во Собранието. 

- Мое е право е да спомнувам кого сакам. Како до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот, одеднаш не чинам. На сите прашања ќе им дојде одговорот. Јас како што гледате не ми се тресат рацете и не ми трепери гласот. За сите овие прашања кои ги поставивте, за тој спорен тендер, има кој треба да си одговори, и одговори ќе си дојдат. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како и досега, како што до вчера бев најдобар градоначалник. Ама Мицковски од тендер матрицата не може да излезе, како што ви е јасно зошто до вчера бев супер, а денес не чинам. Јас сум истата, и не ми извртувајте реченици. На шпицниот градоначалник ќе му кажам, да се бореше со власта, како со мене овие денови, ќе ја спасеше Македонија - кажа Арсовска.

Повторно беше прекината од Славески, дури и микрофонот беше исклучен, но Данела продолжи со своите ставови, и посочи дека кога биле фатени директорите на Мицкоски со рацете во медот, станала најлоша градоначалничка.

- Не ми дозволувате да се искажам, да го завршам говорот. Ова не се случуваше до вчера, сега го правите. Ако сака да зборува за оставки, Мицковски треба да почне од себе - порача Арсовска и дополни дека Мицковски не треба да се заканува и да не се крие. 

По ова Славески најави 15 минутна пауза. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот