Данела Арсовска нема да им ги продолжи договорите на 100-тина вработени во ЈП Водовод и канализација
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 10:44
Околу 100 вработени во ЈП Водовод и канализација - Скопје од утре ќе останат без работа, затоа што на истиот датум им истекуваат договорите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре, пренесува Курир.
Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на комуналното претпријатие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински.
Тој и понатаму медиумски се препукува со Арсовска откако беше разрешен со образложение дека влијаел на тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје.
Потегот на Арсовска да не ги продолжи договорите на вработените, во кулуарите на компанијата го коментираат како реваншизам.
Во меѓувреме, Арсовска го назначи Марјанче Митевски на местото на Перински.
Можеби ќе ве интересира
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




