05 Декември, 2024
0.0258

Даночни олеснувања доаѓаат после изборите?

Објавено во: Финансии 09 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Каква даночна политика нуди СДСМ? Додека актуелната влада спроведува политика на „сиромашен и исплашен народ = силна држава“, ние сметаме дека политиката „богат и достоинствен народ=просперитетна и безбедна држава“ е многу подобра за сите граѓанистои во изброната програма на СДСМ СДСМ нуди еден викенд во годината, на почетокот на месец септември да биде викенд без наплаќање на ДДВ за сите набавки одноно за облека, покуќнина, училишен прибор и сл. „Во тој викенд сите набавки на таков вид добра ќе бидат ослободени од ДДВ ,а сите продавници кои тргуваат со такви добра, како и сите банки, ќе имаат дозволено работно време од 24 часа.“ На секој граѓанин т.е. на секој краен потрошувач ќе му се враќаат 15% од платениот ДДВ. А,  во изборната програма на СДСМ стои дека повисок данок ќе плаќаат најбогатите, а намалување на данокот за сите останати. Персоналниот данок на доход ќе има две даночни стапки (9% и 18%) кој ќе содржи и враќање на платениот персонален данок за граѓаните кои имаат многу ниски месечни лични доходи. „Односно, граѓаните кои имаат плата до 12.000 денари, владата ќе им го враќа износот кој како персонален данок на доход претходно ќе биде уплатен од страна на нивните работодавачи. На тој начин секој вработен со плата до 12 000 денари годишно ќе добива дополнителни од 3 200 до 5 800 денари.“ Граѓаните кои имаат вкупни годишни приходи до 720.000 денари, стекнати по сите основи, освен по основ на вратениот персонален данок од доход и од земјоделска дејност, ќе бидат оданочувани со персонален данок на доход по даночна стапка од 9% , а граѓаните кои имаат вкупни годишни приходи над 720.000 денари ќе плаќаат персонален доход по стапка од 18% за износот на приходи над 720.000 денари; СДСМ ветува и дека за приходите од земјоделска дејност нема да се плаќа данок. За граѓанин кој поседува еден стан или една куќа во која живее со своето семејство, стапката наданокот на имот да изнесува 0,05% од вредноста на станот односно куќата; „За поседување на втор стан или куќа, даночната стапка за тие станови/куќи да изнесува 0,1% од нивната вредност, за поседување на трет стан или куќа, даночната стапка за тие станови/куќи да изнесува 0,15% од нивната вредност, за поседување на четири или уште повеќе станови или куќи, даночната стапка за тие станови/куќи да изнесува 0,3% од нивната вредност.“ Фирмите ќе можат да ја намалат даночната основица на данокот на добивка за директните вложувања во развој на спортот, културата, науката или образованието. Ослободувањето ќе биде соодветно на вложувањето, со максимален износ до 30% од даночната основица за данокот на добивка. Ослободување од данок на добивка на период од 3 години на постојни даночни обврзници кои дополнително ќе вработат на неопределено време најмалку 50 лица. Услов ќе биде работодавачот да ги задржи вработените во работен однос најмалку уште две години; Целосно ослободување од данок на добивка на претпријатија во секоја година во која ќе остварат пораст на својот извоз за над 20% во однос на просекот во претходните 3 години. Ослободување од данок на добивка во траење од 3 години на даночни обврзници кои започнуваат со дејност во недоволно развиените подрачја и региони во Македонија. Ослободување од данок на добивка во траење од 3 години на повратници од странство, доколку своите заштеди ги вложат во отворање на сопствено претпријатие  или во опрема (но, како доминантно учество во акционерскиот капитал), во постојно претпријатие во Македонија. Дополнително, доколку во тие претпријатија бидат вработени нови најмалку 50 лица, даночното ослободување ќе може да се продолжи за уште 2 години (на вкупно 5 години). Намалување на данокот на добивка за 50% во годината кога е извршено вложувањето во микро и мали претпријатија, кои ќе инвестираат во основни средства за дејноста која ја обавуваат; Намалување на данокот на добивка за 15% на даночни обврзници кои ќе примаат студенти на практична работа во договор со високо образовна институција. Каква даночна политика нуди ВМРО-ДПМНЕ? Во следниот период особено ќе дадеме поддршка на земјоделството преку намалување на стапките на ДДВ за добиточна храна и за жив добиток, како и поддршка на стандардот на граѓаните преку намалување на стапката на ДДВ за училиштен прибор и за бебешки производи. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиките за создавање рамен и еднаков терен за фирмите на кој нема да егизистира нелојална конкуренција. Секој е должен да плаќа данок бидејќи оние даночни обврзници што редовно плаќаат данок се во неповолна положба во однос на оние што се дел од сивата економија, стои во изборната прграма на ВМРО-ДПМНЕ. Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се ветува намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за добиточна храна, адитиви за добиточна храна и за жив добиток, за да се намали зависноста од нивниот увоз. Ќе се воведе повластена стапка од 5% на ДДВ за бебешки производи. Мерката се воведува со цел намалување на трошоците за набавка на овие производи, со што ќе им се помогне на родителите во првите години од раѓањето на нивните деца кога се изложени на зголемени трошоци. Но, исто така ВМРО-ДПМНЕ најавува и намалувањна стапката на ДДВ од 18% на 5% за училиштен прибор. Доколку се обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието на Република Македонија, ќе се предложат измени на Законот за прекршоци со кои ќе се предвиди правна основа за нивелирање на прекршочните санкции согласно со економската моќ на субјектите. Врвен приоритетите во наредниот период ќе биде проширувањето на мрежата на склучени билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување. „Приоритет за наредниот период останува склучувањето на договорите за одбегнување на двојното оданочување со земјите-членки на ЕУ, Г-20 и ОЕЦД со кои Македонија сè уште нема договор, земјите со кои Македонија има значајна трговска размена и со земјите од кои може да очекува привлекување на странски директни инвестиции, како што се, на пример: САД, Канада, Јапонија, Португалија и други.“ Ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност. Тоа ќе придонесе за намалување на бројот на правни лица кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност (услужните дејности), што е причина да немаат интерес за доброволна регистрација за цели на ДДВ. Со оваа решение ќе се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот. Н.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра