14 Ноември, 2025
0.0532

ДАНОЧНИОТ ЕКСПЕРТ ПАВЛЕ ГАЦОВ: Со глобалниот минимален данок ќе бидат опфатени мал број компании во земјава

Објавено во: Финансии 09 Ноември, 2024 14:16

Добивај вести на Viber

Даночниот експерт Павле Гацов се огласи околу воведувањето на глобалниот минимален данок.
„Да побутнеме малку, зашто доаѓа крајот на годината...

... ГЛОБАЛЕН МИНИМАЛЕН ДАНОК

Преку одредба во Законот за данокот на добивка во македонскиот даночен систем треба да се воведе оданочување со глобалниот минимален данок. Со овој данок ќе бидат опфатени мал број компании кај нас. Се работи за компании кои имаат странски матични компании (основачи) со големи приходи на ниво на групација.

Предлог текст на измена на Законот за данокот на добивка

Член „X“.

Глобален минимален данок

Даночните обврзници со седиште во Република Северна Македонија или кои остваруваат приход од вршење на дејност во Република Северна Македонија, а кои потпаѓаат под опфатот на глобалниот договор за минимален данок, се должни да пресметуваат и плаќаат глобален минимален данок согласно одредбите на овој закон.

Даночен обврзник на данокот од став 1 на овој член е обврзник на данокот на добивка кој е поврзан ентитет во група која има годишен консолидиран приход еднаков или поголем од 750 милиони евра.

Ефективната даночна стапка на глобалниот минимален данок изнесува 15% од утврдената даночна основица.

Даночната основица за пресметување на глобалниот минимален данок се утврдува согласно методологија пропишана од надлежен орган, а која е усогласена со меѓународните стандарди.

Даночните обврзници од став 1 на овој член се должни да доставуваат годишен извештај за пресметка и плаќање на глобалниот минимален данок до надлежниот даночен орган, најдоцна до 30 април во тековната година за претходната година.

Доколку даночниот обврзник не ја исполни обврската за пресметка и уплата на глобалниот минимален данок согласно одредбите на овој закон, ќе се применуваат соодветни казнени одредби....

Министерот за финансии ќе донесе поблиски прописи за начинот на пресметка, уплата и контрола на глобалниот минимален данок...

.....

Се разбира, при финалното усвојување, одредбите би можеле да се прецизираат и доработат понатаму“, пишува Гацов на ФБ.

Можеби ќе ве интересира

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука

Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица

НАСТЕЛ ПРОДАВА, ПЕЦОВСКИ И САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД КУПУВААТ - нов трансфер на акции на Реплек

НАСТЕЛ ПРОДАВА, ПЕЦОВСКИ И САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД КУПУВААТ - нов трансфер на акции на Реплек

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ВО ГРЦИЈА, НЕМА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАТА: Нови ригорозни мерки за сите што направиле сообраќаен прекршок!

НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ВО ГРЦИЈА, НЕМА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАТА: Нови ригорозни мерки за сите што направиле сообраќаен прекршок!

ЗАВРШИ САГАТА ВО СЕНАТОТ НА САД: Одобрен законот за финансирање

ЗАВРШИ САГАТА ВО СЕНАТОТ НА САД: Одобрен законот за финансирање