16 Декември, 2025
0.0534

„Данон” ќе го продаде своето производство во Бугарија на американската компанија „Шрајбер”

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2013 12:01

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Бугарија и дозволи на американската компанија " Шрајбер фудс " ( Schreiber Foods ) да ги купи производствените капацитети на " Данон " ( Danone ) . Во октомври, компанијата поднесе барање за концентрација во антимонополскиот орган. Американскиот производител ги купува капацитетите на " Данон " , и во Чешка и Португалија . Трансакцијата е објаснета со желбата на францускиот производител на млечна храна да ги оптимизира производствените капацитети и трошоци поради падот на пазарите во Европа . Предмет на договорот во Бугарија е производствениот дел на " Данон Сердика " . Договорот меѓу француската и американската компанија е склучен во август . Купувањето ќе вклучува и пренос на постојните односи со вработените , бизнис лиценци , права на интелектуална сопственост и договорни односи . Двете компании се договориле производството на производи со брендот " Данон " да продолжи. " Шраjбер " е глобален производител кој поседува производствени капацитети и дистрибутивни мрежи во Австрија , Бразил , Германија , Индија , Мексико , САД и Уругвај во кои произведува и нуди млечни производи, вклучувајќи природно сирење (Чеда , швајцарско сирење , полу- меко сирење на стапчиња , моцарела , Едам и Гауди , меко созреана, сина и биено сирење ) , сирења - специјалитети и култивирани ( свежи ) млечни производи ( крем сирење и јогурт во широк асортиман на вкусови и видови , вклучувајќи мешани и со малку маснотии , грчки тип , десертни јогурти и јогурт за пиење ) .

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата