19 Декември, 2025
0.0508

Данска бара градежници, Шведска и Норвешка фармацевти а Германија медицински сестри

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2015 21:40

Добивај вести на Viber

Се поголем е бројот на лицата кои се одлучуваат среќата и подобар живот да побараат во странство.
Скандинавските земји се оние кои постојано бараат работна сила и постојано имаат недостиг од специјалисти во разни професии.
Овој пат ви пренесуваме неколку огласи за градежни работини, медицински сестри, фармацевти, медицински специјалисти.
Имено градежни работници со искуство бараат во Јитланд, Данска.
Заинтересираните кои планираат да аплицираат треба да имаат пред се искуство а дипломата ќе им биде предност. Треба да знаете англиски, дански или германски јазик и им требаат вредни, паметни и стабилни личности.
Доколку овој оглас ви е примамлив може да го погледнете целиот на овој линк, а CV треба да испратите на овој е-маил  Randi@aktivpersonale.dk.
*Исто така во Данска се бараат и специјалисти во болницата Lillebaelt Hospital која има поттреба од невролози, општи хирурзи,  специјалисти за центарот за ревматологија во Јужна Данска и одделот за интерна медицина (гастроентерологија).

Важно е да бидете професионални, да имате способност да останете смирени во секакви ситуации и да преземате одговорност за Вашите постапки.

Овој оглас може да го прочитате на овој линк , а апликациите и вашето CV се праќаат на оваа е-маил адреса : jue@workindenmark.dk.

*Најголемата фармацевтска компанија AG Johnsen чие седиште се наоѓа во Норвешка и Шведска има потреба од  фармацевти кои веќе имаат лиценца за работа во матичната земја. Доколку сте заинтересирани за апликции за ова работно место треба да ја приложите лиценцата.

Она што го бараат тие е добро да знаете англиски јазик, а познавање на норвешки или шведски ќе се смета за предност.

Треба да покажат желба за работа во овие држави, да бидат флексибилни и способни за работа во тим. Пробниот период за работа е во времетраење од 6 месеци, со полно работно време од 39 до 42 часа неделно.

Доколку сте заинтересирани за ова работно место прочитајте повеќе информации на овој линк.

*Германија пак има потреба од медицински сестри кои би се грижеле за стари лица.

Ваша задача ќе биде средување на рецептите и лековите, како и електронска документација.

Residenz Heilig Geist Park се обврзува да Ви помогне во процесот на средување на Вашите документи, како и во обуката и подобрувањето на Вашите познавања на германскиот јазик. Исто така, ќе Ви помогне во наоѓање на престој и ќе Ви дозволи за ограничен временски период да ги користите капацитетите со кои располагаат.

Можете да ги испратите Вашите документи преку e-mail или да исконтактирате преку Skype. Бруто платата изнесува 8,65 евра по час додека трае процесот на одобрување. Штом ќе бидете примени, Вашата плата ќе биде прилагодена на просечната плата на сите регистрирани медицински сестри кои се вработени во оваа институција.

Целиот оглас може да го погледнете тука, а апликација се праќа на оваа е-маил адреса: info@heilig-geist-park.de .

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка