ДАНСКА ГО ОЛЕСНИ ПАТУВАЊЕТО ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА, ИТАЛИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ЗА ТУРИСТИЧКИ ПАТУВАЊА: Нови ковид протоколи
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2021 12:53
Данските власти
донесоа одлука со која се олеснува патувањетона граѓаните од Македонија, односно сите
кои планираат до допатуваат во Данска ќе мора да приложат валиден ЕУ дигитален
сертификат кој што вклучува потврда за вакцинација со вакцините кои се одобврени од ЕМА (Фајзер,
Модерна, Астразенека и Џонсон и Џонсон), потврда за прележан ковид не повеќе од
12 месеци или пак негативен ПЦР тест.
Истовремено, пак, Италија ги заостри мерките за влез во земјата за граѓаните од Македонија. Со последната одлука, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување, односно се дозволува влез само за работниците кои имаат престој, од здравствени причини, студии и враќање во својот дом или живеалиште.
Граѓаните кои се во некоја од овие категории при влез во Италија мора да приложат: пополнет онлајн формулар за локација (dPLF), негативен резултат на молекуларен или антигенски тест. Но, сепак следува и задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




