24 Јануари, 2025
0.0436

ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА САКА ДА РАЗГОВАРА СО ТРАМП: Не верува дека со сила ќе го преземе Гренланд

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Властите во Данска сепак не веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го заземе Гренланд. 

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека не верува дека Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.

„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.

Фредериксен додаде дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.

„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен. 

Таа вели дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“. Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.

Трамп, чија инаугурација е закажана за 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.

„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на САД.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го коментираше предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд, повлекувајќи паралели меѓу тој план и руската анексија на неколку украински региони.

Песков на новинарите им кажа дека Трамп би требало да ја земе предвид волјата на жителите на Гренланд, повлекувајќи паралела со рускиот став кон жителите на регионите кои Русија ги припои.

Можеби ќе ве интересира

ЛУДИЛО НА EBAY, СЕ ПРОДАВААТ КОРИСТЕНИ ТЕЛЕФОНИ СО TIKTOK ЗА ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ: А, Трамп бара купувач, на листата и најпознатиот Јутјубер

ЛУДИЛО НА EBAY, СЕ ПРОДАВААТ КОРИСТЕНИ ТЕЛЕФОНИ СО TIKTOK ЗА ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ: А, Трамп бара купувач, на листата и најпознатиот Јутјубер

ПУТИН Е ПОДГОТВЕН, СЕ ЧЕКААТ СИГНАЛИ ОД ТРАМП: Ќе падне ли средба меѓу двајцата лидери?

ПУТИН Е ПОДГОТВЕН, СЕ ЧЕКААТ СИГНАЛИ ОД ТРАМП: Ќе падне ли средба меѓу двајцата лидери?

ДОГОВОР ОД 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОТПИША ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА НАЈЛУКСУЗНИТЕ ВОЗИЛА: Сега ќе произведува и нуклеарни реактори за подморници

ДОГОВОР ОД 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОТПИША ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА НАЈЛУКСУЗНИТЕ ВОЗИЛА: Сега ќе произведува и нуклеарни реактори за подморници

СТРАШНА БУРА ДОАЃА ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Се очекуваат застрашувачки налети на ветер, метеоролозите загрижени

СТРАШНА БУРА ДОАЃА ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Се очекуваат застрашувачки налети на ветер, метеоролозите загрижени

РУТЕ: Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки

РУТЕ: Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки

ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ ПРИТИСОК ВРЗ РУСИЈА: Ќе му треба помош од Саудиска Арабија и ОПЕК

ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ ПРИТИСОК ВРЗ РУСИЈА: Ќе му треба помош од Саудиска Арабија и ОПЕК

ИНДЕКС НА СРЕЌНИ ГРАДОВИ: Место во Европа e број еден

ИНДЕКС НА СРЕЌНИ ГРАДОВИ: Место во Европа e број еден

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ЕУ: Кои народи се најнезадоволни?

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ЕУ: Кои народи се најнезадоволни?

(ВИДЕО) МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС: Сега ќе пее за Израел на Евровизија

(ВИДЕО) МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС: Сега ќе пее за Израел на Евровизија