ПРОТЕСТ ВО ПАНАМА: Демонстрантите запалија постер со ликот на Трамп
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2025
Демонстрантите во Панама запалија постер со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп и испратија порака „Каналот е наш“. Трамп неодамна се закани дека ќе го анектира Панамскиот канал, не исклучувајќи ја употребата на сила.
Стотици луѓе протестираа на годишнината од крвавиот бунт во 1964 година против американската власт во Панамскиот канал.
Над 20 Панамци, повеќето студенти, беа убиени за време на судирите што избувнаа во јануари 1964 година во Панама и ескалираа кога американските безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите кои изразија противење на американската контрола врз каналот. За време на немирите загинаа и најмалку тројца американски војници.
Изјавата на Трамп поттикна бурни реакции. Тој сака да го купи и Гренланд.
Фото: ARNULFO FRANCO / AFP / Profimedia