Дански вид на коронавирусот се шири во Европа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јануари, 2021
Дански вид на коронавирусот се шири на европскиот континент.
За оваа мутација се смета дека полесно го заобиколува одбранбениот систем и полесно продира во телото. Два случаи на данскиот вид се откриени во Ансбах и Ној-Улм во Германија. Лабораторијата во Аугсбург докажала дека причина за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е данскиот вид. Нејасно е какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска. Данската влада во ноември минатата година уби голема популација на куни и се очекуваше видот да исчезне. Сепак тоа не се случи.
Британскиот сој на коронавирусот го има во повеќе од 70 држави во светот, а тој се појави и во Македонија.
СЗО ќе утврди како се појави коронавирусот во Кина лани.
Вирусот „коси“ во светот. За седум дена во светот починаа 96.000 пациенти заразени со коронавирусот. Ова е црн рекорд откако почна пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.