18 Декември, 2025
0.0555

Давитковски за Фактор: Не може без правен основ да се намалува плата на сите

Објавено во: Македонија 23 Март, 2020 12:44

Добивај вести на Viber

Државата може да им ја намали платата на сите функционери, министрите, на пратениците, но не и на сите вработени во јавниот сектор без некој правен основ, вели за Фактор, Борче Давитковски, професорот на Правниот факултет.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера на прес конференција најави пакет нови мерки за ублажување на економските последици од коронавирусот, но во јавноста навистина најголеми реакции предизвика предлогот во април и мај сите функционери но и сета јавна администрација да земаат само 14.500 денари односно минималец.

„Не може „ан блок“ да се намали плата на сите. Може Владата ако сака да испрати до некаде политичка порака да намалува така плата на функционери, но без правна основа не може на сите линеарно. Значи тие што се носители на функции да, но за другите не, затоа што секој ја врши својата работа. Може да се намалуваат плати со казни и дисциплински, но не вака незаконски, без направен ребаланс, без буџети и без одлуки, вели професорот.

Тој тврди дека е точно оти има луѓе кои земаат плата од буџет но не одат на работа, но дека за тие решението требало да се направи порано.

„Точно е дека имаме лица кои земаа плата и не одеа на работа, тоа го знаат и врапчињата. Но тоа е друго прашање, тоа требаше да се решава. Инаку на нив не им е гајле дали ќе земаат 20 илјади денари или 14.500 денари. И така не одат на работа. Ама на останатите, на нас професорите, на судиите, секако ни е важно, вели Давитковски.

Заев вчера предложи сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, градоначалници, директори раководители, судии и обвинители ќе земаат минимална плата, односно за април и мај да добијат по 14.500 денари. Дополнително и сите вработени во јавниот сектор, јавна администрација на државно и на локално ниво да земаат минимална нето плата.

Мерката, предложи да не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив за помагање за справување со коронавирусот.

СОНК, синдикатот на просветарите и научните и културни работници, предводен од Јаким Неделков, објави дека не ја прифаќа оваа, навидум за нив, солидарна мерка, бидејќи како што велат од таму, во ниту една земја од регионот немало кратење на плати.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје