16 Декември, 2025
0.0471

Давутоглу побарал лично од Гулен да не кова заговор против Ердоган

Објавено во: Балкан 30 Април, 2015 18:48

Добивај вести на Viber

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу се сретнал со Фетулах Гулен во 2013 година за време на посетата на САД и побарал од него да престане да остварува заговори против владата и да се врати во Турција.

Гулен, кој е обвинет од властите во Турција за голем број злосторства, вклучувајќи и создавање на така наречената „Паралелна држава“, која според владејачките се обидувала да оствари преврат, живее во САД во самонаметнат егзил.

„Имавме разузнавачки податоци и бевме свесни за тие цели. Знаевме што планираат. Сакавме да направиме последен обид, последен повик, исто како кога знаеш дека доаѓа бура. Го замоливме да остане во законските граници и да се врати во Турција“, изјавил Давутоглу, кој во 2013 година се уште беше министер за надворешни работи.

Според него двајцата се сретнале во Пенсилванија, каде што живее Гулен, само три месеци пред да се одржи масовната операција против членови на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Давутоглу додал дека средбата се спровела со знаење на тогашниот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Ердоган.

„Сега не е време“, бил одговорот на Гулен според Давутоглу. „Денес јас го разбирам овој одговор“, дека тој чекал да помине државниот удар, кој требаше да се случи во декември. Тој планирал да се врати во Турција, како што Хомеини се вратил во Иран“, изјавил Давутоглу.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата