17 Декември, 2025
0.0473

Давутоглу: Слобода на печат не значи слобода за изнесување навреди

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2015 11:39

Добивај вести на Viber

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, изјави денеска дека слободата на печат никому не му дава за право да изнесува навреди, опишувајќи го објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед како „голема провокација“. „Слободата на печат не значи слобода за изнесување навреди“, нагласил Давутоглу пред новинарите во Анкара, по само еден ден откако турскиот дневник „Џумхуриет“ како и поодделни сајтови на Интернет објавија карикатури на пророкот Мухамед од последното издание на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, пренесува „АФП“. „Не можеме да дозволиме изнесување навреди за пророкот... објавувањето на карикатурата е голема провокација“, истакнал Давутоглу. Првиот број на сатиричниот француски магазин „Шарли Ебдо“ по минатонрдрлните терористичк напади врз редакцијата на овој весник во текот на вчерашниот ден беше распродаден на целата територија на Франција веднаш штом се појави на продажните места. Најновото издание на неделникот имаше насловна страна на која беше нацртана карикатура на пророкот Мухамед кој плаче и во рацете држи парола „Јас сум Шарли“, а под неа „Се е простено“.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата