Дебата во Собранието за оданочување на пратките од „Тему“ и „Али Експрес“
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2025 11:44
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денес на дневен ред ќе дискутира за Измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинуваат ослободувањата од ДДВ за мали пратки, пред се оние од „Тему“ и „Али Експрес“.
Согласно предложената регулатива, нема да има веќе ослободување од ДДВ за пратки со вредност пониска од 22 евра. Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност.
Новата регулатива ќе ги погоди бројните купувачи од странски платформи, особено од „Тему“ и „Али експрес“, кои се многу атрактивни кај нас. Досегашното објаснување на државата е дека со овој потег ќе се заштити македонската трговија.
„Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, а се пропишува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра, ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун“, пишува во законското образложение.
Според сегашната регулатива, стока испратена од странство од правно лице (компанија) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 евра во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?
Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија
Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?
ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија
КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа
Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец
РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците
Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?
Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат





