Деца се злоупотребуваат за протестите - родителите загрижени, реагира и Средношколскиот пленум
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 14:08
Вчера во повеќе скопски училишта членови на политичка партија агитирале кај средношколците да ја бојкоритаат наставата и да се придружат на протестот за зачувување на унитарноста на Македонија. Загрижени родители регираат против тоа нивните деца да бидат злоупотребувани за политички цели и сметаат дека кревањето на тензии може да биде опасно.

- Најстрого досега, го осудуваме, вршењето на притисок, ограничување на движењето и слободата на учениците! Почитувани, дозволете да ви разјасниме: НИЕ ДОДЕКА СМЕ НА УЧИЛИШТЕ, НЕ СМЕ ВАША СОПСТВЕНОСТ! Во моментот кога го кренавме нашиот глас против проектот што ја загрозуваше нашата иднина, бевме таблоидно, јавно и транспарентно осудени, заклучувани во училиштата како во поправни домови и тоа беше осудено како начин на кој се узурпира и бесполезно прекинува наставата. Сега по само 2 години истите тие господа, директори, професори, нѐ тераат да се приклучиме кон нешто што нималку го компромитира и тангира нашето битисување во училиштата и училиниот систем. Исто така строго го осудуваме обидот и револтирани сме, на изнесените написи во одредени медими кои преку спин и манипулација сакаат да ги претстават учениците кои се на одмор – како се упатуваат на протести во Скопје. Искрено се надеваме дека ваквото пропагандистичко и таблоидно изнесување на вести ќе престане, а средношколците нема да бидат на удар на политички групации. Повикуваме на зрелост и смиреност, а од надлежните институции и ресорното министерство недвосмислена и итна реакција, соопшти Средношколскиот пленум.
На влезовите на училиштата се поставени плакати за бојот, а во основното училиште Лубен Лапе во Аеродром е поставен и двојзаичен натпис што сериозно ја подгрева состојбата.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




