Деца тешки зависници од дрога во Македонија - Никој не се грижи за нив
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 17:50
Загрижува информацијата на здружението ХОПС дека најмладиот зависник од хероин во Македонија е девојче кое има само 8 години и дрогата ја внесува интравенозно.
Исто така има и многу помали деца кои „дишат“ лепак или други супстанци – алармира ХОПС.
Од 33 деца зависници од дроги со кои лани исконтактирало здружението „ХОПС“, седумина се нови случаи. Велат, државата нема систем за лечење од зависност на оваа категорија граѓани. Голем број деца остануваат без медицинска помош.
„Министерството за здравство изработи протокол за лекување на малолетни корисници на дрога кој веќе две години е во поготвителна верзија и сѐ уште не е усвоен. Во минатата година ниту еден од овие малолетници не започна со лекување на зависноста пред сѐ заради немањето на програма за лекување или заради административни бариери“, изјави Влатко Дејков, здружение „ХОПС“- Опции за здрав живот.
„На тој начин би се унифицирало дефинирањето и сите институции, здруженија, сите чинители кои работат на ова поле би можеле да ги бележат подеднакво сите податоци за да биде лесно достапно, а тоа понатаму би помогнало во креирање на соодветни локални и национални политики“, Аница Димовска, здружение „ХОПС“- Опции за здрав живот.
Од Министерството за здравство велат дека во завршна фаза е изготвувањето на протоколот за третман на деца и млади зависници од дрога. Се врши усогласувањето со повеќе релевантни институции од областа, а потоа истиот ќе биде донесен. Потсетуваат дека на Клиниката за психијатрија се лекуваат состојби кои се последица на употребата на психо-активни супстанци. А во Заводот за ментално здравје на деца и младинци се третираат депресивни состојби, адолесцентна криза, болести на зависност. Велат, се реализираат и превентивни програми за штетноста на алкохолот, пушењето и дрогата.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




