15 Јануари, 2025
0.0267

ДЕЦАТА ТРЕБА ДА СЕ УЧАТ НА САМОСТОЈНОСТ: Каде грешат родителите?

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Многу статистички податоци покажуваат дека младите во Македонија доцна се осамостојуваат, после полнолетството зависат од родителите и живеат во заедници.

Освен економскиот момент, важен е и начинот на воспитување. Родителите од најрана возраст треба да ги учат своите деца да бидат самостојни и одговорни. Психологот Лариса Стојковиќ Трајкоска вели дека децата низ игра совладуваат вештини кои придонесуваат тие да станат самостојни. Децата треба да изградат здрави навики уште во предучилишната и училишната возраст.

„Родителите треба да почнат со охрабрувања на детето да јаде само, да научи да се облекува само, да ги собира играчките само или со помош на некој. Потоа, детето се приврзува со мајката и помага во чистењето,  учи нови активности поврзани со домот. Во петтата година детето развива социјални вештини, почнува да разбира што се правила на игра и зошто мора да ги почитува, почнува да се интересира за вистина и лага. Веќе во шестата година децата се љубопитни за светот кој ги опкружува и ставаат фокус на своите физички способности, така што секоја физичка активност е добро да се работи со нив, за да можат да ја научат. Детето презема нови улоги и одговорности. Бара потврда дали нешто е добро направено и ужива кога ќе му се даде можноста само да одлучи“, вели психологот.

Таа додава дека кога детето ќе наполни седум години, треба да учи критички да размислува и да знае како да се снајде во одредени ситуации. Во овој период, децата учат како да ги решаваат проблемите и ја развиваат својата креативност. Стојковиќ Трајкоска вели дека родителите треба да изградат заеднички став кон детето, да покажат доследност, да сакаат да соработуваат со своето дете. Пристапот треба да биде соодветен на возраста на детето.

„Кога родителот е оној кој верува во своето дете и ќе се посвети да го научи на начин на кој детето ќе разбере, резултати секогаш ќе има, но потребно е пристапот да биде во склад со индивидуалноста, неговите способности и потребите“, рече Стојковиќ Трајкоска.

Лидија Илијевска, социолог вели дека младите треба повеќе да комуницираат, да се вклучат во секции, да бидат поактивни во заедницата, да ги откријат своите афинитети и веќе во средно училиште да знаат во кој правец ќе се движат и со што сакаат да се занимаваат.

„Ние имаме ученици кои се 3-та или 4-та година средно и работат хонорарно, по 3 или 4 часа дневно, заработуваат и со тоа стекнуваат работни навики. Младите кога ќе почнат да заработуваат повеќе ги ценат парите за разлика од периодот кога родителите ги издржуваат. Уште во средно училиште младите треба да имаат визија каде сакаат да го продолжат своето образование“,  објаснува Илијевска.

Според податоците на Евростат, Македонците дури по 30-та година од животот го напуштаат домот на родителите, во скандинавските земји тоа се случува на 18 или 21, 22 години, а во многу други европски држави младите почнуваат со самостоен живот до 25-та година. И во другите балкански земји младите живеат слично како во Македонија и тоа делумно се препишува на менталитетот на овие простори.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/kocamir

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати