19 Декември, 2025
0.0534

„ДЕЧКИ ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ ПОДГОТВЕТЕ СЕ“: Доаѓаат интензивни врнежи од снег, Попоски ги повикува повторно одлично да ја сработат работата

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2023 07:00

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски со најнова метео најава за снежни врнежи во земјава.

„0По краткотрајното затоплување кое ни пристигна, веќе имаме официјални инфоирмации дека веќе од четврток попладне и навечер кај нас доаѓа нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад, поточно од Атлантикот.

Најпрвин врнежите насекаде ќе бидат од дожд, потоа во четврток навечер и во текот на ноќта кон петок поради продор на многу постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите од дожд брзо ќе преминуваат во врнежи од снег (НАПОМЕНА: Снежната граница ќе се спушти под 1000 метри надморска височина). На планините и на Скијачките центри ќе се формира позначителна снежна покривка (од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 сантиметри, особено на високите планини).

За време на викендот, и тоа поради понатамошно спуштање на студен воздух од север, послаби локални врнежи од снег ќе има и во градовите. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.

Температурите позначително ќе се намалат, па така наутро истите насекаде ќе се спуштаат под нулата, понекаде тие ќе се спуштат и до -10 степени, а на високите планини и под -10 степени. Максималните дневни температури за време на викендот исто така ќе бидат ниски и на многу места тие ќе се искачат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и негативни.

Во Скопје со овој бран, врнежи од снег ќе има на околните планини, а провејување на снег можно е и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста за време на викендот по некоја снегулка локално да провее и во котлината. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер.

НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивни снежни врнежи и ниските температури кој ќе создаваат појава на голомразица, на возачите им препорачуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри.“ напиша тој.




Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата