Дедо и баба уапсени поради необични божикни подароци
Објавено во: Свет 24 Декември, 2017
Дедо и баба се товарат со криминален акт поради подароци за Божиќ.
Имено, откако полицијата ги фатила со 27 килограми марихуана, тие тврделе дека сакаат ја поделат како подароци за Божик за нивните роднини и пријатели.
Патрик (80) и Барбара (83) Жирон патувале од Калифорнија во Небраска, каде што полицијата ги сопрела и со помош на кучиња трагачи ја открила марихуаната во нивниот автомобил.
„Тие кажаа дека марихуаната им била за подароци за Божик“, изјавил портпаролот на полицијата Пол Врбка.
На нарко-пазарот, вредноста на марихуаната изнесувала околу 300 илјади долари.
Патрик Жирон е обвинет за поседување на дрога со намера за предавање, како и немање доказ за платен данок на марихуаната. Иако тој бил приведен, за брзо потоа е пуштен од притвор.
Инаку, марихуаната се уште е забранета за продажба во Небраска и покрај неколкуте обиди на законодавците за легализација на истата во медицински цели.