Денеска ревизија на стапката на економски раст
Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2016 07:40
Што ќе соопшти гувернерот Богов денeска ?
Денеска, Народната банка, односно гувернерот Димитар Богов треба да ги објави новата ревизија на макроекономските показатели за оваа, но и за следната 2017 година.
“Се работи за редовна ревизија на макроекономските показатели, која вообичаено се спроведува во овој период од годината. Ова е втора ревизија направена во текот на 2016 година, што е исто така вообичаена пракса“ - изјавија од Народната банка.
Не сакаат да коментираат дали ќе има надолна или нагорнa корекција на стапката на економски раст за 2016 година и за 2017 година. Неофицијално, во ноемвриска ревизија на економските проекции на внатрешен план, ќе биде нотиран ризикот од внатрешно политичката криза и неговото влијание врз стапките на раст на Бруто домашниот производ. Вообичаеното, проекциите ги опфаќаат и надворешните ризици, односно очкеувањата за глобалниот економски раст, движењата во Европа и опкружувањето. Во денешните нови ревидирани макроекономски показатели, се очекува и прогноза за инфлацијата, која според аплиската прогноза, имаше надолна корекција од 1,5 на 0,5%.
При последната објавена ревизија, Народната банка обзнани две сценарија за очекувањата во економијaта. Според основното, растот за годинава беше проекцитран на 3,5 отсто а во 2017 на ниво од 4%. Но пред седум емсеци, НБМ излезе и со алтренативно сценарио.
“Зарадивлошувањето на политичкиот амбиент во последните фази од проекциите и првични преносни ефекти врз довербата и очекувањата на економските субјекти, се изработи алтернативно макроекономско сценарио коешто претпоставува продолжување на политичката нестабилност до крајот на годината“ - наведено е во априлската проекција.
Според ова алтернативно сценаро, растот годинава ќе изнесува 1,6 отсто додека за догодина е проектиран на 3,8%. Не е исклучено и при новата ревизија, да се обзнанат две сценарија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





