ДЕФЛАЦИЈА: Ќе прогласи ли економијата клиничка смрт?
Објавено во: Финансии 18 Јуни, 2014 08:17
“Дефлацијата е штетна, би рекол дури и поштетна од инфлацијата. Доколку една економија се соочи со дефлација тоа би значело дека производството замира, трговијата забавува, а невработеноста ќе се зголемува. Неодамна Европската Централна Банка и Јапонската Централна банка ги намалија основните каматни стапки се со цел да го поттикнат растот и трговијата. Овие потези покажуваат дека светските, европските економии веќе се соочуваат со опасноста од дефлација“ - вели за “Фактор“ универзитетскиот професор и еден од поранешните гувернери на НБРМ Љубе Трпевски.Во Македонија во мај во споредба со истиот месец лани беше измерен пад на индексот на цени на мало за 0,7% додека во итиот анализиран период трошоците на живот се намалија за 0,6%. Според економистите, додколку два до три месеци се мери неглативна стапка на инфлација, тогаш треба да се размислува и за преземање на мерки за евентуално спарвување со дефлацијата. Позначвачите упатуваат на тоа дека треба да се анализира во кои гранки и за колку се намалиле цените, и дополнително да се земат предвид сезонските намалувања, особено кај земјоделските производи во овој период од годината.
“Треба внимателно да се следи трендот на намалување на цените. Тоа кај нас го прави Народната Банка која треба да биде подготвена и за преземање на соодветни мерки. Тие мерки главно би се однесувале на олеснување на условите за кредитирање, односно намалување на цената на кредитите, олабавување на роковите и условите за кредитирање, главно преку намалување на основната камата што ја диктира НБРМ.“ - објаснува Трпевски.Според професорот, при оценување на состојба на дефлација треба да се земе предвид “десезонирањето на цените“, односно да се утврди кај кои производи и услуги има намалување на цените што не е резултат на сезонски движења. Во мај во споредба со истиот месец лани, најголемо намалување на идексот на цени на мало има кај земјоделските производи од 5,4%, потоа кај прехранбените производи за 2,1%, индустриско – прехранбени производи за 0,7% и кај услугите намалување од 1,1%. Што се случува во Европа ... Ново мајско забавување на инфлацијата во Европската Унија измери статистичката служба Евростат. Во мај инфлацијата во еврозоната изнесувала 0,5% додека на ниво на Европската Унија 0,6%. Кај три економии веќе е измерена негативна стапка, односно дефлација, така во Грција, на годишно ниво цените се намалиле за 2.1%, во Бугарија -1.8%, Португалија -0.3% и Кипар -0.1%. Највисокото ниво на инфлација е забележано во Австрија (1,5%), Луксембург (1.4%), и Романија (1,3%). Според мерењата на европска статистика, во мај годинава е регистрирано дополнително намалување, однсоно забавување на инфлацијата. Неодамна , Европската централна банка дополнително ја намали клучната каматна стапка во еврозоната за да поттикне раст на економијата и да ја отстрани опасноста од дефлација. За прв пат воведе и негативна каматна стапка на депозити на банките со цел да поттикне кредитирање на реалната економија. EЦБ ја намали каматна стапка на 0,15 отсто, од досегашните 0,25 отсто. Каматите на депозити на банките се намалени од нула на минус 0,1 отсто, што значи дека комерцијалните банки во иднина ќе мора да плаќаат за централната банка им ги чува парите. Централната монетарна институција на еврозоната прва се одлучи на таков чекор во групата четири водечки централни банки на светот, во кои уште се и американската централна банка “Fed BOJ Bank of England“. Иако опасноста од дефлација во еврозоната е ограничена, EЦБ ја загрижува многу слабиот раст на економијата и слабото кредитирање, што би можело да го забави кревкото економско закрепнување. А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





